Редакција


Polaroid 65 години инстант фотографија

Деновиве Polaroid славеше 65 годишнина. На некој начин. Толку време помина од првата инстант камера, што беше чудо за тоа време а богами и денес не е лесно достижно. Polaroid веќе не постои.

Едни од последните кертриџи во Скопје, можеа да се купат во „Метеор“ а на „Канта пазар“ до скоро можеа да се најдат зачувани Polaroid камери и за 150 денари. Тоа можеби не е најдобар репер за важноста на самата технологија и значењето на Polaroid концептот, но секако зборува доста.

Типично протестантско-косумерски, Polaroid стана популарен кај нефотографите, како семејна инстант камера а исто така професионалците од преддигиталната ера масовно ја користеа Polaroidот за тест снимки со инстант резултат. Повеќе

10 правила кои секој фотограф треба да ги знае

Еден интересен текст на англиски кој објаснува десет клучни законски ограничувања поврзани со фотографија и фотографирање.

Можеби некои од наведените не се директно применливи кај нас но секако е корисно да се знаат. Особено ако патувате во странство и во земји со саксонско право. Погледнете тука

Направете снимки од воздух, за мал буџет!

Во духот на направи сам-контра ограничувањата од индустријата ви нудиме неколку интересни – направи сам концепти. Забавувајте се и доколку некој се обиде, нека сподели.

Како самите да направите снимки од вселената, за мал буџет.

Или од голема висина аеро фотографии. Доколку ви треба инспирација, повелете – овде. И  овде

Книга за овој месец

Ви ја претставуваме монографијата на Marko Vrdoljak – Аmazing Zagreb

Претворете го вашето идиотче во супер камера !

Како на сопствена одговорност,  да го претворите вашето нискобуџетно апаратче во машина која има напредни функции како сериозен скап систем?
Лесно, на линкот подолу имате упатства. Философијата е едноставна. На индустријата на која одамна не и е гајле за муштериите, односно ништо освен нивната платежна можност, поефтино и е да ги прави сите новитети и модели според помалку шаблони отколку за секој нов уред да смислува различна хардверска архитектура. Едноставно, напредните функции, во поефтините модели се ограничуваат софтверски. Во духот на една од статиите на страницата на ФСМ еве ви еден вид на продолжување на дискурсот.
Линк

Крка во мраз

Една од најпознатите и најубавите глетки од бившата држава, водопадите на Крка, под мраз.

Погледнете овде, и Сењ, кој од 1940та година не бил под ваков мраз  Повеќе »

Nikon D700 Да или Не?

Почитувани читатели вљубени во фотографијата, во освртот кој следи би сакал да Ви го пренесам моето искуство за најновиот „prosumer“ дигитален фотоапарат на светскиот производите Nikon. Немам никаква намера да ве оптеретувам со технички податоци, факти и бројки, истите може да ги најдете на било кој сајт за фотогравска опрема. Многумина што ме познаваат ќе кажат дека сум „никонџија“ во душа, па затоа нема да правам никакви споредби со Canon. Кој го бара тоа нека оди на форумите Nikon vs Canon во милион варијанти. Повеќе »

Canon vs Nikon

Вечно актуелната тема. Вечната борба на титаните. Додека тие се борат, обичните смртници ќутат и чекаат. Отприлика вака и изгледа, од перспектива на обичен корисник битката на пазарот помеѓу двата гиганти. Но, оние, првичните титани, барем се бореле чесно. Во современава битка некако се нешто смрди на нефер игра, малку вложување а се поголеми цени.
Дали навистина ни е потребно она што се нуди како последен збор на технологијата? Дали е тоа една потрошувачка хипноза?  На линкот подолу ви нудиме еден од посериозните текстови на темата до кои сме дошле во последно време.  Погледнете…

Осврт кон изложбата на Катја Штркова

Женската фотографија станува се поприсутна кај нас. Сведоци сме, дека “дамите“ на македонската фотографија со квалитетот на своите фотографии, како и со инвентивниот пристап кон нивна реализација заслужуваат наша подршка и искрени честитки.

Уште повеќе радува кога меѓу нив се појавуваат нови млади авторки кои сакаат да излезат од постоечките клишеа на изложбената фотографија.

Младата Катја Штркова ни се престави на 22 фебруари со серија фотографии во Младинскиот културен центар, пред голем аудиториум. Повеќе »

Непознати портрети на Лазо Величковски

Некаде во 2001 година ме повика др. Владо Плавевски, стар другар од фото клуб ВАРДАР, личен лекар на сите оние кои држеа во рака фотоапарат и кинокамера.  Во неговата ординација се собиравме навечер разговарајќи долго ноќта за фотографијата, филмот, културата, но и за сите оние банални нешта што знаат животот да го направат пријатен. Ние бевме генерациски негде меѓу постарата генерација фотографи како Јаневски, Златковски, Османи и помладата генерација Лазо Плавевски, Иво Вељанов …..   Повеќе »