Почитувани, на последната седница одржана на 18.11.2018 година во просториите на АМСМ во Скопје, Собранието на ФСМ со кое раководеше претседателот на ФСМ Боро Рудиќ донесе повеќе одлуки. Собранието на ФСМ го прифати мислењето на Уметничкиот совет за доделување звање „Мајстор на фотографија на ФСМ“ на Владимир Арсовски и „Кандидат мајстор на фотографија на ФСМ“ на Дејан Колевски. Собранието, исто така, го прифати барањето за прием во Фото сојузот на Македонија на Фото клубот “Широк агол„ од Штип.
Редакција
Денови на македонската фотографија 2018
56 тата Државна изложба на фотографии „ Денови на македонска фотографија 2018“ оваа година се одржа во Тетово, по 23 години од последната ваква манифестација во овој град. Од 9ти до 14ти јуни, во „ Уметничка галерија Тетово“ беа изложени делата на примените и наградените автори. Во склоп на манифестацијата е и изложбата „ Актуелен момент во македонската современа фотографија“ во Галерија на НЛБ Банка во Скопје која се одржа од 30 ти август до 9ти септември . На истото место од 10ти до 20ти август членовите на Фото клубот ЕЛЕМА за првпат пред македонската публика се претставија со својата изложба „ЕЛЕМА Монохроматик“ која веќе беше прикажана во повеќе земји.
Повеќе »
Арсовски
Моменти….
Визуелниот текст впишан во овој серијал на фотографии посветен на животот, е двозначен говор сочинет во знаковни дијади чија реторика се однесува на минливоста на времето како синхрона взаемност меѓу културата и природата. Преку него, Арсовски е во потрага по одговорот на прашањето: како да се естетизира навидум неестетичкото/неестетизираното или како да се естетизира непредвидливоста на животот?
Современа турска фотографија
Почитувани членови , ве каниме на изложба на Современа турска фотографија под наслов “10 автори-10 мотиви “ во организација на ФСМ , а во соработка со Турскиот културен центар “Јунуз Емре“ , која ке се одржи на 1.12 .2016 година во Национална Галерија на Македонија “ Чифте амам “ во Скопје со почеток во 19.30 ч.








