Вести


Фото изложба на Славица Панова во КИЦ

Познатиот фотограф од Струга Славица Панова, во КИЦ „Култура 365“, во сабота на 26-ти јануари ќе одржи самостојна изложба.

Изложбата насловена како „Боите на ветрот“ ќе биде свечено отворена во 19:00 часот. Панова ќе се претстави со одбрани фотографии.

Родена во Струга на 15. мај 1980. година, инспирацијата често ја наоѓа во родниот град. Објективот на Панова овековечува дел од животот во градот на Црн Дрим, но и многу пошироко. За своето творештво вели: – Има денови кога едноставни работи се среќа, сами по себе. Јас сакам да ги споделам тие работи и таа среќа.

Дел од најубавите фотографии на Славица можете да погледнете и на нејзината официјална веб страница.

Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија

Драги наши, ова е новост на наштата страница, а се надеваме дека ќе стане убава традиција. Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија, од годината што измина. Затоа што е новина, можеби и лесно ќе се наоѓаат маани, но да се обидеме да ги видиме убавите страни на истото. За нашата фотографска сцена можат да се слушнат разни замерки, основани и неосновани критики. Предлагаме да ги заборавиме за момент. Веруваме дека, кога вака се поставени фотографиите, на едно место, се добива и една поинаква, посериозна слика за нашата авторска сцена. Веруваме дека значаен дел од прикажаното ќе ве изненади, поттикне, заскокотка…

Галеријата е составена од фотографии кои биле претставени на некоја изложба, значи поминале некаква селекција и/или биле наградени. Фотографиите ги испраќаа клубовите кои самите ги избираа фотографиите, според  дадениот критериум. Најголем дел од клубовите педантно си ја завршија работата. Онаму каде што имавме повеќе од бараните дванаесет фотографии, по случаен избор беа избришани дел од фотографиите, за да се дојде до фер третман кон сите клубови и автори. Веруваме дека следната година ќе имаме уште поголем број на потенцијални кандидати и од ова искуство ќе научиме како подобро да се преставиме меѓусебно.

Затоа што сето ова е од „нас за нас“.

Уживајте во Галеријата на дел од клупските фотографии кои ја одбележаа 2012 година. (прв делвтор дел)

 

ДУША 2013, попуст за македонски автори

Фото кино клуб Козјак ве повикува да земете учество на Меѓународната изложба на уметничка фотографија ДУША 2013, која е под покровителство на ФСМ, ФИАП, ИААП, УПИ и ИСФ. Сите автори од Македонија добиваат попуст, односно можат да земат учество за 300 ден по тема. Повеќе »

Свежа фото иницијатива!

Една иницијатива за секаков поздрав и почит, И од естетска и од хумана димензија. Станува збор, за спонтана иницијатива на Букбокс, 12 твитер девојки, двајца професионални фотографи (Владимир Тасевски и Димитар Петровски) и една дизајнерка (Гордана Војнеска), направија хуманитарен дигитален календар кој ќе се промовира на 23.12.2012 (недела) во кафе „Ли“ од 20 часот.

Повеќе »

Деветта изложба на Чкрап!

Повеќе »

DxO ViewPoint 1.1

Нова верзија на DxO ViewPoint софтверот за корекција на дисторзии. Се фалат дека се ненадминати. Овде рецензија.

Apple и Google здружуваат сили да ги „лапнат“ патентите на Кодак

Заради загуби и банкрот на одредени гранки од брендот на Кодак, некои патенти се ставени на добош. Се шушка и зборува дека Apple и Google се здружуваат за да добијат голем дел од колачот. Линк

Водич за празнични покуповки за пациенти

На страната на dpreview можете да најдете нивни препораки и совети што да си/им купите на вашите блиски, пациенти кои буџетот и вредноста на нештата ги гледаат само преку противвредност од објективи или апарати. Повелете линк .

Почина Брус Баер

На 83 години, почина научникот кој за Кодак го измисли Баер филтерот и овозможи развој на дигиталната фотографска технологија. Како куриозитет може да се земе дека доживеа да го види својот изум во својот максимум и почина кога сериозните фотоапарати почнаа да се прават без него.

Повеќе

Изложба на фотографии на фото група „Чкрап“ од Тетово

Фото групата „Чкрап!“ од Тетово, секој декември организира изложба на фотографии на своите членови. Еве, веќе деветта година по ред (за наши услови тоа е завидна традиција), на тетовската и на македонската публика свои фотографии, снимени главно годинава, ќе и се претстават околу 15-ина фотографи. Изложбата нема натпреварувачки карактер. Темата е слободна. Секој автор има неограничена слобода на изразување на своето видување во фотографијата. Нема ограничување во форматот, бројот на изложени дела, техниката која се користи…
Традиција е на секоја изложба да им се дава шанса на фотографи кои до сега не изложувале, секако ако нивните дела ги задоволуваат критериумите на „Чкрап!“. Така и годинава.

Повеќе »