Вести


Canon EOS M

Canon се бори со конкуренцијата која веќе е етаблирана на пазарот со ваквите ситеми. Оваа камера не нуди нешто особено револуционерно. За оние кои имаат фетиш кон брендови, ова може да е добра џебна замена за теглите со голема маса, за не така амбициозни снимања.

Нов Sony RX1 ?

Уште едно шушкање за нова камера од 2800 $ ? Апаратот има привлечен изглед и по него може да се заклучи дека се лакта со Fuji и Panasonic перјаниците.

Canon EOS-3D X и EOS-7D Mark II – неофицијално

За сите корисници на Canon опрема, ова се поновите шушкања околу новите модели со кои Canon се обидува да се врати во трката на дигиталниот пазар, односно да го завземе местото кое го имаше до пред некоја година.  Погледнете ги предвидувањата за старо-новите системи на следниов линк:

Повеќе »

Информација за фотографиите од ДМФ 2012

Информација за сите автори и авторки од Скопје кои испратиле фотографии на Денови на Македонската Фотофрафија 2012. Фотографиите и каталогот од изложбата можете да ги подигнете од просториите на Фото Сојузот на Македонија, секој работен ден од 10 до 15 часот. Напомена: Наведеното важи само за авторите и клубовите од Скопје. Останатите пакети се пуштаат по пошта. Доколку имате дополнителни прашања и коментари слободно пишете на fotosojuz.mk@gmail.com

До следните Денови на Македонската Фотографија!

Блур магазин број 27

Без потреба од посебна најава. Електронскиот магазин кој станува се подобар и подобар. Еве го 27миот број, пред вас.

Отворена изложбата на фотографии „Почеток” на ФКК Битола

Во преполниот простор на фоајето на Центарот за култура во Битола, на 20 август, во склоп на Битолско културно лето Битфест 2012, беше отворена првата клубска изложба на Фото Кино Клубот од Битола. Повеќе »

Изложба на Владимир Арсовски, Нирнберг

Почитувани. Ни претставува особена чест да ја објавиме следнава вест. Еден од поистакнатите членови на Фото Сојузот на Македонија и член на редакцијата на оваа страница, Владимир Арсовски, се претставува со изложба во Нирнберг. Подолу ќе ги најдете пропратните материјали на изложбата, кои сами по себе зборуваат доволно за авторот и изложбата. Повеќе »

Бесплатни изложби за членовите на ФСМ

Информација за сите членови на Фото сојузот:

Учеството на претстоечките меѓународни изложби:

  •  „Фото салон Куманово“ во организација на ФКК „Козјак 50“ и
  •  „ФОТОМЕДИА“ во организација на ФК „Елема“

за членовите на Фото сојузот е бесплатно!!!

Отворена изложба на Душан Доцевски во Ровињ

Во центарот за визуелни уметности Батана во Ровињ, Хрватска  во петокот, 10.08, беше отворена изложба фотографии на македонскиот фотограф, Душан Доцевски  под наслов Hand Prints. Повеќе »

Покана за прва клубска изложба на ФКК БИТОЛА

Почитувани,

Со задоволство Ви ја претставуваме и Ве покануваме на нашата прва клубска изложба на Фото Кино Клуб Битола, кој е регистриран во почетокот на 2012 година и произлезе од долгогодишната желба на неговите членови за организирано делување на полето на фотографијата, кои години наназад работеа како самостојно така и заеднички во мали неформални групи. Денес Фото Кино Клуб Битола брои триесет членови фотографи аматери и професионални фотографи од кои повеќето со солидно излагачко искуство на групни и самостојни изложби. ФКК Битола преку своите членови е присутен на сите значајни државни и меѓународни изложби, конкурси и фестивали, а со оваа групна клубска изложба на слободна тема за прв пат се претставува пред битолската публика. Повеќе »