


Фото сојуз на Македонија објавува „ Изложба на фотографии – ДМФ 2019 “
На 21ви јуни во НУ Уметничка галерија „ Безистен“ во Штип со почеток во 21,00 часот , ќе биде претставена изложбата од последните 57 ми „Денови на македонска фотографија“ . Љубителите на добрата фотографија од Штип ќе можат да ја видат, специјално за нив репризирана поставката од последните ДМФ кои оваа година се одржаа во Прилеп. Фото сојузот на Македонија во соработка со двата клуба ФК „ Ванчо Прке “ и ФК „ Широк агол “ и подршка од Локална самоуправа на градот , прави исклучок и за првпат изложбата ја носи во Штип . Ќе ни биде особено задоволство да присуствувате на претставувањето на најдобрите фотографии и автори од Македонија .
Дејан Колевски Кандидат мајстор на Фото сојуз на Македонија со својата изложба на фотографии „ Јапонија “ имаше успешно претставување пред скопската публика . Галеријата на НЛБ Банка станува вистинска место за посета на љубителите на добра фотографија. Така беше и овојпат .
Резултатите од жирирањето за 57мите „ Денови на македонска фотографија “ 2019 одржано на 13 април 2019 во Центарот за култура „ Марко Цепенков “ во Прилеп.