Вечно актуелната тема. Вечната борба на титаните. Додека тие се борат, обичните смртници ќутат и чекаат. Отприлика вака и изгледа, од перспектива на обичен корисник битката на пазарот помеѓу двата гиганти. Но, оние, првичните титани, барем се бореле чесно. Во современава битка некако се нешто смрди на нефер игра, малку вложување а се поголеми цени.
Дали навистина ни е потребно она што се нуди како последен збор на технологијата? Дали е тоа една потрошувачка хипноза? На линкот подолу ви нудиме еден од посериозните текстови на темата до кои сме дошле во последно време. Погледнете…
Архива на авторот: FSM
Canon vs Nikon
Осврт кон изложбата на Катја Штркова
Женската фотографија станува се поприсутна кај нас. Сведоци сме, дека “дамите“ на македонската фотографија со квалитетот на своите фотографии, како и со инвентивниот пристап кон нивна реализација заслужуваат наша подршка и искрени честитки.
Уште повеќе радува кога меѓу нив се појавуваат нови млади авторки кои сакаат да излезат од постоечките клишеа на изложбената фотографија.
Младата Катја Штркова ни се престави на 22 фебруари со серија фотографии во Младинскиот културен центар, пред голем аудиториум. Повеќе »
Непознати портрети на Лазо Величковски
Некаде во 2001 година ме повика др. Владо Плавевски, стар другар од фото клуб ВАРДАР, личен лекар на сите оние кои држеа во рака фотоапарат и кинокамера. Во неговата ординација се собиравме навечер разговарајќи долго ноќта за фотографијата, филмот, културата, но и за сите оние банални нешта што знаат животот да го направат пријатен. Ние бевме генерациски негде меѓу постарата генерација фотографи како Јаневски, Златковски, Османи и помладата генерација Лазо Плавевски, Иво Вељанов ….. Повеќе »
Заштита на авторско дело
Веројатно многумина од нас имаат потреба за заштита на своје авторско дело. Во нашиот случај фотографија. Повеќе »
Резолуција, објектив, чип-матрица
Почитувани колеги, во рамките на фотографското племе намерно или не, се стварале погрешни представи, често и лажни легенди за влијанието на резолуцијата /острината / на системот/објектив – чип или филм/ на крајниот резултат на сликата.
За да ја објасниме оваа појава треба првин малку информации од анатомија на окото. Човек со добар вид, може да види точка /тн.дифузен/, круг со 1/10 мм во пречник, или 10 линии на мм квадратен, кога гледа на оддалеченост од 30тина сантиметри. Повеќе »
Резултати Streets 2012
На 24.03.2011 со почеток во 10ч. во Пелинце се одржа жирирањето на изложбата “Улици 2012”, во организација на ФКК „Козјак 50“ од Куманово, а под патронажа на FIAP, UPI, IAAP, ISF и Фото сојуз на Македонија. Изложбата ја жирираа Ѓулкетин Чизген (Турција), Бахар Калели (Турција) и Неда Рачки (Хрватска). Покрај жирито беше присутен и целиот организационен одбор на Фото Кино клубот ,,Козјак 50” од Куманово: Владимир Јовановски, Дејан Ангеловски и Никица Божиновиќ, како и делегатот на ФСМ Зоран Ивановски и секретарот на ФСМ Дарко Петровски. Повеќе »
Нова Leica со црно бел сензор ?!?
Новитет од Leica? Откако Kodak (шмрц-шмрц) банкротираше, не се знае кој ќе ги прави сензорите на Leica. Но тоа не ги спречува да се појават со новитет на пазарот.
Новата Leica М, нема да е замена за старата и е најавена дека (можеби) ќе има црно-бел сензор и нема да има дисплеј позади. Дали е само маркетиншка финта која игра на старата слава или навистина ќе понуди нешто кое ќе биде вредно за внимание или е само играчка за покажување и фалење? Останува да видиме. Еве ги озборувањата.
Hasselblad Masters awards 2012
Една од најпрестижните ако не и најпрестижната награда, барем од аспект на естетска префинетост и едно длабоко поимање на уметничката фотографија
– Hasselblad Masters е клуб кадешто малкумина се повикани а многумина би сакале. Клуб кој сеуште држи до одредени естетски и етички критериуми. Погледнете ги финалистите тука и победниците тука
Adobe Photoshop CS6 Beta
Како што веќе најавивме, Adobe Photoshop CS6 во Beta верзија, сега е спремен за тестирање.
Една од најпосакуваните надградби е, според компанијата, зголемената брзина на работа. Ќе видиме и секако очекуваме коментари од корисници.
Нов број на BLUR Magazine!
Нема потреба многу да се објаснува дека секој број на BLUR ни претставува особена радост.
Накусо, BLUR претставува една успешна приказна на онлајн бесплатно издаваштво и квалитет. Уживајте


