Редакција
Резултати – младински салон 2014
52 Мајстори на фотографијата – Роберт Френк
„Секоја фотографија мора да има една карактеристика, а тоа е човечноста на моментот. Ова е реализам во фотографијата. Но, реализмот не е доволен. Покрај него мора да постои и визија, и тоагш овие два елемента ја сочинуваат добрата фотографија.“ Повеќе »
Изложба на ФКК Битола во Кавадарци
Фото кино клубот Битола ја претставува својата годишна изложба (2013) во Музеј-галерија Кавадарци. Отворањето е на 21-ви март, петок, 20.00 часот.

52 Мајстори на фотографијата – Дејвид Лашапел
„Луѓето велат дека фотографиите не лажат. Моите лажат.“ Дејвид Лашапел
Дејвид Лашапел е меѓународно познат по неговиот исклучителен талент во комбинирање на хипер-реалистичната естетика со субверзивни општествени пораки. Повеќе »
Сигма DP2 Quattro
Пред извесно време Сигма ја најави најновата сензација од својата палета, три (фокални) верзии на копактно тело со APS-C foveon сензор. Веќе неколку години се прават шеги и вицеви за експериментите на Сигма што се однесува до нивните компактни и модуларни тела. Ова е едно од нив. Повеќе »
52 Мајстори на фотографијата – Ени Лебовиц
„Она што го гледате на моите фотографии е тоа дека јас не се плашам да се заљубам во овие луѓе.“ Ени Лебовиц. Повеќе »
Изложба на Уметничка фотографија, Младински Салон 2014
Се повикуваат сите автори и авторки не постари од 21 година да земат учество во младинската изложба во ортанизација на фото групата Ф7 од Куманово.
Изложбата е под патронат на ФСМ, со патронажен број 2014/12.
Авторите конкурираат со црно бели и колор фотографии (поединечна или колекции).Максимален број на фотографии е 4 со димензии не помали од 20х30 и не поголеми од 30х40cm.
Измени во роковите за изложбата: новите датуми се следниве-последен рок за испраќање на фотографии е 20 март, а жирирањето ќе се одржи на 22 март.
Почина Чедо Ненковиќ, големиот фоторепортер со уметничка душа
Синоќа почина нашиот драг колега Чедомир Ненковиќ, големиот фоторепортер со уметничка душа.

Познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ, чии дела оставија длабоки траги во македонското новинарство, а беа објавувани и од многу странски и домашни медиуми и агенции, почина синоќа.
Буби, како што ги викаше неговите пријатели и колеги, а така го викаа и тие кои работеа со него, беше познат не само по својот професионализам, туку и како голем шегаџија, голем другар, и голем поддржувач на младите и надежни фотографи, кои покрај него ја засакаа таа професија.
Зад себе имаше долг работен век, а како фоторепортер работеше во дневниот весник „Вечер“, а од првите денови на формирањето на дневниот весник „Дневник“ беше назначен за уредник на фотографија. Работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг“, а има реализирано и повеќе фоторепортажи за познатиот магазин „Нешенел Џиографик“.
Еден од поистакнатите периоди во неговото творештво беше во времето на косовската криза во 1999 година, но и во оружениот конфликт од 2001 година во нашата земја, а неговите мајсторски фотографии беа преземани од низа светски новински агенции, а за некои од нив доби и меѓународни награди.
Превземено од plusinfo.mk
што е постаро, кокошката или фотографијата?
…или, каква врска имаат фармите за кокошки и фотографскиот занает? Односно, дали се очекува, доколку сте фотограф, да чувате по дома и некое пиле?
Видете од видеото:
52 Мајстори на фотографијата – Вилијам Клајн
„Бидете свои. Јас многу повеќе сакам да видам нешто, па дури и да не е којзнае што, само тоа да не не изгледа како дело од некој друг.“ Вилијам Клајн.


