Редакција


Мајски Салон

Петата по ред клубска изложба на уметничка фотографија која го носи името Мајски Салон претставува естетски пресек на се она што членовите на Фото кино клубот Козјак го сработија изминатата година. Повеќе »

Патагонија – изложба на Луис Алберто Франке

Луис Алберто Франке е Аргентински фотограф, релативно добро познат на нашата фотографска публика, во голема мерка преку неговото редовно присуство на Фотомедиа, во последните неколку изданија. Тој е индустриски инженер и аматерски фотограф. Повеќе »

Изложба на Гордан Ристовски

Во вторник 21.05.2013 година во 20 часот, во домот на културата „ Иван Мажов – Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена самостојна изложба на Гордан Ристовски – Гого со наслов „ Две татковини“

Се обработувале фотографии и пред Фотошоп?

Веројатно ова прашање можете и да го слушнете од помладите фотографи. Голем дел од нив и не знаат дека алатките во познатата програма се настанати врз и именувани од алатките кои се користеле во темната соба Повеќе »

Кој и како ги прави фотките за Apple?

Производите од компанијата која може да го купи светот имаат дизајн кој е недостижен за најголем дел од конкуренцијата, но за да може тој дизајн да залаже доволен број зависници, мора да е поддржан со визуелни дразби кои му се достојни. Како се прават видете подолу. Фотограф: Питер Белангер.

Google ги купи Nik Software

Оваа вест е повеќе наменета за сајтови каде што се зборува за гаџети и разноразни маркетиншки небитности, но ја објавуваме на нашата страница од едноставна причина што најверојатно нештата нема веќе да се исти. Повеќе »

Најмалиот ДСЛР апарат, Canon EOS 100D

Canon, го збогатува и онака збунувачкиот пазар со уште една класа на производи. Станува збор за најмалиот дигитален СЛР апарат кој е до сега направен, Canon EOS 100D  Повеќе »

Изложба на фотографии на тетоважи во Барбакан

Прва изложба на фотографии на тетоважи во Македонија насловена „Мојот живот во мастило”, ќе биде отворена na 16.05.2013 во Барбакан со почеток во 20 часот.   Повеќе »

World Press Photo фотографијата на годината – манипулација?

Најверојатно е така. На линкот подолу, можете да прочитате како силното жири и неговата претходница во селекцијата на најпрестижното натпреварување во репортерско-документрана фотографија, а еден (веројатно) гик, од прва ја забележал местенката.

Линк

Кога ќе се дистанцираме од бомбастичноста на насловот, во текстот станува збор за дилемата за дозволени и недозволени интервенции врз фотографијата. Конкретнава има итенрвенција на доосветлување на одредени делови.
Поинтересна е дилемата со која секој автор/ка се соочува, за границите на интервенцијата во одредена фотографија.

Златен пресек, композиција

На линкот подолу, оние кои лесно се снаоѓаат со англиски можат да најдат едно интересно и добро објаснување(од морето слични) на принципот на хармонија во композицијата (не само фотографска) кој е колку психолошка, социјална, психофизичка толку и објективна и субјективна категорија.

 

Повеќе »