Редакција


Изложба на Боро Рудиќ во Крањ

На вторите Пухареви денови, во Крањ, Словенија, од 2-6ти април, 2013, во друштво со многу престижни фотографски имиња од регионот/светот, со своја колекција ќе се претстави и македонскиот фотограф – Боро Рудиќ. Во родолжение следи извадок од каталогот на изложбата.

Боро Рудиќ припаѓа на генерација чиј пристап се оформува на традициите од осумдесетите години од минатиот век. За него ова е период полн со креативна слобода, време на лајф форографијата, време на модната фотографија, истражување на можностите на фотографијата во боја и користење на зонскиот систем на Ансел Адамс во креативната работа. Ваквата работа резултираше со фотографии и изложби (самостојни и групни) во земјата и во странство како и најпрестижни признанија во ФСМ. Неговото искуство во уметничката фотографија го пренесува и на професионално ниво и така започнува долорочна соработка со многу маркетинг агенции во земјата.

Неговата функција претседател на Фото Сојузот на Македонија ја започнува паралелно со функцијата член на уметничкиот совет на ФСМ.

Живее и работи во Скопје.

Мов-Боро Рудиќ

Колекција „Креирање-Исчезнување“

Фотографиите од оваа колекција се настанати како резултат на работата во последните две години. Снимени на различни локации во Република Македонија, со последните зраци на светлина или длабоко во ноќта. Можностите на правење фотографии се бескрајни. Фотографијата не е само замрзната слика. Фотографиите носат предизвик за авторот да ја скроти светлината, да ја насочи и обликува авторската артикулација, помеѓу објективната стварност и субјективното доживување. Скротената светлина, светлината која ги следи движењата, светлината која го црта нашето објективно опкружување, симултано спојувајќи ги овие две крајности. Сето ова креира еден нов замислен свет, свет на субјективни слики и искуства.

Чувството на правење фотографија а не само „ловење моменти“, чувството на давање на специфичен изглед на просторот околу тебе е едноставно и инспиративно.

Фотографијата настанува во еден егзактен момент кој потоа исчезнува кога светлото ќе изгасне. Фотографиите се направени така што ниедна не може да се повтори. Секоја фотографија е единствена и можностите се бескрајни. Се зависи од вашата визија.

After – изложба на фотографии на Димитар Апостолов

Изложба на фотографии на Димитар Апостолов со наслов “After” ќе биде отворена на 5 април во 21:30 часот во Кафе МКЦ.

На отварањето музички перформанс ќе имаат: Сашко Костов, Игор Стојановски и Сецко Сеад Хаџиќ, а Теа Шалдева ќе настапи со Dj сет.

Изложбата ќе биде отворена до 14 април.

„Тој е необична појава во македонската фотографија.
Димитар Апостолов, чиниш, најпријатно се чувствува во фотографскиот андерграунд, а всушност, подолго време е присутен на фотографската сцена кај нас. Кога најмалку очекуваш, тој се појавува од дупката таков каков што е, директен и суров, но исто време емотивен и искрен. Додека мнозина ги фотографираат нивните животи, тој ги живее своите фотографии.
Клаустрофобичната атмосфера набиена со еротика и алкохол на прв поглед навестува помешани чувства кај гледачот. Тоа чувство трае кратко. Гледачот сфаќа дека не е навикнат некој така брутално да го бранува фотографскиот жабурник во Македонија. По некое време тој (гледачот), е свесен дека пред себе има еден артикулиран фотограф, кој што вешто владее со техниката, но уште подобро го користи јазикот на фотографијата и директно стрела во целта.
На гладната публика Димитар со своите фотографии и удира шлаканица в лице. Кога ги гледате неговите фотографии (кои што сакате да ги гледате долго…), имате чувство дека од некој ќош Ве гледаат Чарлс Буковски, Енди Ворхол и Тери Ричардсон… А, тоа е всушност Димитар Апостолов. Таков каков што е.“ – за него ќе рече Драги Неделчевски.

 

Hasselblad Masters Awards 2012

Чест, задоволство и престиж е да се влезе на листата добитници на Hasselblad Masters Awards.

Не врзувајќи се за клишеа, фотографиите на  Hasselblad Masters Awards се млади, стари, западни, источни, класични, експериментални,

Повеќе »

Работилница за фотографија: „Една фотографија – илјада зборови“

Проект платформата за развој на креативните индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“, во соработка со регионалната платформа за активизам „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“, организираат тридневна работилница за фотографија насловена „Една фотографија – илјада зборови“, наменета за креативци до 25 години.

Работилницата ќе се одржи од 5 до 7 април во Младинскиот културен центар во Скопје. Младите креативци ќе имаат можност од професионалниот фотограф Томислав Георгиев да ги научат вештините на уметничкото творење преку фотографија и тоа на теми како што се: демаргинализација, екологија и активизам.

-Намерата е кај младите да се разбуди и освести потребата за општествена одговорност преку уметноста. Добрата фотографија доловува цела приказна, но важен е приодот. И предрасудите можат да се прочитаат во неа доколку авторот не расчистил со нив. Работилницата има двојна улога- усовршување техники, композиција, кадар, план, но и поттикнување младите креативци да го изразат својот став за реалноста – нагласи Климентина Илијевски, координатор на регионалната платформа за активизам, за Македонија.

Услов за учество во оваа работилница е пријавените кандидати да имаат сопствен фотоапарат.

Најуспешните дела ќе бидат објавени во уличното активистичко списание „Лице в лице“, а ќе имаат и можност да учествуваат на јавниот повик за избор на најдобра фотографија кој што ќе го објави проект платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“.

Најдобрите фотографии кои што ќе ги селектира стручна комисија ќе бидат презентирани на изложба во „Галерија 8“, а три од нив ќе бидат наградени од „Никон“.

Биографиите и кусите мотивациони писма на кандидатите се очекуваат на licevlice@cma.mk, најдоцна до 3.април 2013 година.

Конечната листа на избрани кандидати за учество ќе биде објавена на 4. април.

Презентација. ФКК Козјак и УПИ

На 25ти март со почеток во 18.00 часот, во просториите на ФКК Козјак свое излагање ќе има претседателот на фотографската асоцијација УПИ (UPI http://www.upiphoto.com ), Мецакис Манолис на следниве точки: Повеќе »

Занимање: официјален фотограф на бордели

Марк Мекендрус во текот на пет години го фотографирал животот во “Nevada Rose“, легален бордел во руралниот дел на Невада. Повеќе »

National Geographic видео: Steve McCurry фотографира со последната ролна Kodachrome филм

Доколку во минатиот век ги прашувавте фотографите кој е нивниот омилен филм, најголем дел од нив ќе ви одговореа дека тоа е Кодакхром. Сатурирани бои, карактеристики и рок на траење Повеќе »

80 години Никор објективи

Во чест на 80годишнината од изработката на Никор леќите, од компанијата направиле специјално видео  Повеќе »

Најпрегледуваните Flickr Commons фотографии во последните пет години

На интернет изданието на  The Telegraph можете да ја погледнете галеријата на најпрегледуваните фотографии од азното на фликер. Секако, доминираат репортерски фотографии од   Повеќе »

STREETS

Фото кино клуб Козјак од Куманово ве повикува да земете учество на вторатта меѓународната изложба на уметничка фотографија STREETS, односно УЛИЦИ 2013, која е под покровителство на ФСМ, ФИАП, ИААП, ПСА, УПИ и ИСФ.

Повеќе информации може да најдете на следниов линк:

http://kozjak50.com/photostreets/rules.php