Драги Фотографи/Фотографки, љубители на фотографската уметност
Фото сојузот на Македонија има особена чест и задоволство да ВИ испрати покана за учество на јубилејното 50то издание на манифестацијата Денови на Македонската Фотографија (ДМФ) 2012.Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во државава. Оваа година ќе се одржат по 50ти пат.
Во пропратните настани, покрај фото-работилницата, ФСМ ќе организира и изложба на фотографии на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, МФ ФСМ, во чест на одбележување на неговото капитално фотографско дело
Организатор на изложбата и на фото работилница е Фото сојузот на Македонија.
Приредувач на Денови на македонската фотографија 2012 е град Kочани.
Отворање на изложбa е 16.06.2012 во 20ч, во Домот на култура.
Веруваме дека ќе се согласите дека е особена чест да се учествува на еден ваков јубилеј-празник за сите искрени љубители на фотографската уметност а едновремено и голема одговорност за нас.
Затоа ги повикуваме сите автори/авторки државјани на Р. Македонија, да ги испратат своите дела на ДМФ 2012.
Редакција
50ти ЈУБИЛЕЈНИ ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА
Прекрасни стари фотографии од Прилеп, прилепчани, прилепско
ФСМ ја поздравува редакцијата на сајтот www.oldprilep.com за неверојатно ретката можност за увид во прекрасно селектирани и класифицирани стари фотографии од наше поднебје. Повеќе »
Креативни фотографии од миленици
Кај нас и нема фотографи кои се занимаваат со фотографирање на миленичиња.
И воопшто, на фотографиите со и на животни често се гледа со потценување, тоа повеќе зборува за нашата културна перцепција отколку за „квалитетот“ на таквите дела. Дека тоа не мора да биде така, погледнете го портофлиото на Carli Davidson. Одлични фотографии на кучиња како ја тресат водата од крзното . Повеќе »
Ви го претставуваме Milton Rogovin
Ви го претставуваме фотографот Milton Rogovin. Веруваме дека не е многу познат помеѓу нашите фотографи. Но има фасцинантни серии на фотографии од америките. Негова биографија и останати информации имате овде.
Погледнете ги неговите серии документаристички фотографии во во класичен стил од среднината на минатиот век. Има огромен број фотографии, кои тешко дека можат да се исконзумираат наеднаш, но тешко дека можеме да издвоиме некои галерии. Затоа повелете и изберете сами.
Корисен сајт, особено за тие кои користат филм
Еден корисен сајт кој може да се види интересен за многу корисници.
Покрај стандардната понуда за дигитални корисници, тука е и понудата за оние кои веќе ризикуваат да бидат етикетирани како анахрони-безмалку комплетна понуда за темна комора, што е вистинска реткост деновиве-филмови, емулзии, хемикалии, тајмери, дозни… И, секако, она што овој сајт е можеби е најпознат, процедури за темна комора, времиња, емулзии и развивачи.
Ви го претставуваме Michael Kenna
Оваа рубрика некако ја запоставивме и редно е да ја разработиме со една прекрасна презентација. Според нашето скромно мислење, Michael Kenna е еден од најзрелите современи автори. Неговиот, за ова време, специфичен и суптилен пристап, како да не е од брзото и квантифицирачко западно време, туку од некој друг, заборавен свет кој сепак допира до нас. Уживајте… http://www.michaelkenna.net/
Поважни производители на фото опрема
Овде можете да пронајдете линкови од некои поважни произовдители на фото опрема: Повеќе »
Битола го имала првиот фотограф во регионов?
Битола имала фотограф пред еден и пол век, пренесува Дневник. Градот на конзулите ужива во пронаоѓањето на потврда на својот статус и значење.
Доколку тоа се покаже како вистина, тоа е една одлична информација за сите нас. Информацијата се пласира пред претстоечкиот симпозиум за фотографија кој се одржува во Битола. Ако е тоа вистина тоа значи дека само 40 години од првата фотографија на Ниепс, во Битолата имало фотографски дуќан, на сред Широк Сокак. Аферин ако е така.
Апарат што снима позади аголот!
Научниците од Технолошкиот институт Massachusetts (MIT) дизајнирале фотоапарат кој може да фотографира објекти позади аголот.
Камерата има титаниумско-сафирски ласер (што и да е тоа) и емитува импулси од апаратот, а заради нивната голема брзина можат да се одбиваат од сите видови подлоги. Резултатот на тоа е „најбавната, набрза камера“-односно уред кој емитира светлост која се движи со два милиони „фрејмови“ во секунда. Повеќе »
Интервју со познатиот фотограф Jim Brandenburg, за новите Nikon камери
Jim Brandenburg е еден од ретките среќници, и едно од најпознатите имиња во фотографијата денес. Го тестирал Nikon D 800 одамна пред да се појави на слободниот пазар и има што да каже. Од една страна се позитивните новости а од друга, се новите „зврчки“ кои се јавуваат за прв пат до сега. Проблемите со големиот број пиксели.
Можеби приказните кои објаснуваа зошто големите производители не одат на сензори со повеќе пиксели сега добиваат нова димензија, а приказните од типот дека објективите не поддржуваат поголеми резолуции, дека некој платил да не му се загрози пазарот (средноформатните дигиталци) и слично ќе испаднат обична митологија… ќе видиме. Погледнете го видео-итервјуто и останатите.


