Вести


Работилница за фотографија: „Една фотографија – илјада зборови“

Проект платформата за развој на креативните индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“, во соработка со регионалната платформа за активизам „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“, организираат тридневна работилница за фотографија насловена „Една фотографија – илјада зборови“, наменета за креативци до 25 години.

Работилницата ќе се одржи од 5 до 7 април во Младинскиот културен центар во Скопје. Младите креативци ќе имаат можност од професионалниот фотограф Томислав Георгиев да ги научат вештините на уметничкото творење преку фотографија и тоа на теми како што се: демаргинализација, екологија и активизам.

-Намерата е кај младите да се разбуди и освести потребата за општествена одговорност преку уметноста. Добрата фотографија доловува цела приказна, но важен е приодот. И предрасудите можат да се прочитаат во неа доколку авторот не расчистил со нив. Работилницата има двојна улога- усовршување техники, композиција, кадар, план, но и поттикнување младите креативци да го изразат својот став за реалноста – нагласи Климентина Илијевски, координатор на регионалната платформа за активизам, за Македонија.

Услов за учество во оваа работилница е пријавените кандидати да имаат сопствен фотоапарат.

Најуспешните дела ќе бидат објавени во уличното активистичко списание „Лице в лице“, а ќе имаат и можност да учествуваат на јавниот повик за избор на најдобра фотографија кој што ќе го објави проект платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“.

Најдобрите фотографии кои што ќе ги селектира стручна комисија ќе бидат презентирани на изложба во „Галерија 8“, а три од нив ќе бидат наградени од „Никон“.

Биографиите и кусите мотивациони писма на кандидатите се очекуваат на licevlice@cma.mk, најдоцна до 3.април 2013 година.

Конечната листа на избрани кандидати за учество ќе биде објавена на 4. април.

Презентација. ФКК Козјак и УПИ

На 25ти март со почеток во 18.00 часот, во просториите на ФКК Козјак свое излагање ќе има претседателот на фотографската асоцијација УПИ (UPI http://www.upiphoto.com ), Мецакис Манолис на следниве точки: Повеќе »

STREETS

Фото кино клуб Козјак од Куманово ве повикува да земете учество на вторатта меѓународната изложба на уметничка фотографија STREETS, односно УЛИЦИ 2013, која е под покровителство на ФСМ, ФИАП, ИААП, ПСА, УПИ и ИСФ.

Повеќе информации може да најдете на следниов линк:

http://kozjak50.com/photostreets/rules.php

SOUL

Фото кино клуб ВИДИ, НУЦК Кр. Паланка од Крива Паланка и Фото кино клуб КОЗЈАК од Куманово срдечно Ве покануваат на свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија SOUL, односно ДУША 2013. Свеченото отворање ќе се одржи на 22 февруари 2013 година во 19 часот во НУЦК Крива Паланка.

На изложбата која ги доби патронатите од сите светски фотографски федерации, пристигнаа 5174 од 520 автора од 64 земји, што претставува своевиден рекорд на македонската фотографска сцена. Сите пристигнати фотографии се со специјални културни карактеристики кои ја направија изложбата со висок артистички квалитет, а за наградите и за поставката одлучуваше стручно и еминентно жири.

Уште еднаш ве покануваме да го посетите свеченото отворање на 22 февруари во 19 часот и заедно да ја проследиме поставката на наградените и најдобрите пристигнати фотографии.

„ПОГЛЕДИ”, фотографска изложба на Фото Кино Клуб Битола во Охрид

Долги години во Битола, фотографијата за разлика од нејзината примарна цел, претежно беше употребувана само во комерцијални цели. Некаква слободна дефиниција за тоа би било, дека фотографот бил платен за фотографија, наместо за уметничко дело. Повеќе »

Фото изложба на Славица Панова во КИЦ

Познатиот фотограф од Струга Славица Панова, во КИЦ „Култура 365“, во сабота на 26-ти јануари ќе одржи самостојна изложба.

Изложбата насловена како „Боите на ветрот“ ќе биде свечено отворена во 19:00 часот. Панова ќе се претстави со одбрани фотографии.

Родена во Струга на 15. мај 1980. година, инспирацијата често ја наоѓа во родниот град. Објективот на Панова овековечува дел од животот во градот на Црн Дрим, но и многу пошироко. За своето творештво вели: – Има денови кога едноставни работи се среќа, сами по себе. Јас сакам да ги споделам тие работи и таа среќа.

Дел од најубавите фотографии на Славица можете да погледнете и на нејзината официјална веб страница.

Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија

Драги наши, ова е новост на наштата страница, а се надеваме дека ќе стане убава традиција. Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија, од годината што измина. Затоа што е новина, можеби и лесно ќе се наоѓаат маани, но да се обидеме да ги видиме убавите страни на истото. За нашата фотографска сцена можат да се слушнат разни замерки, основани и неосновани критики. Предлагаме да ги заборавиме за момент. Веруваме дека, кога вака се поставени фотографиите, на едно место, се добива и една поинаква, посериозна слика за нашата авторска сцена. Веруваме дека значаен дел од прикажаното ќе ве изненади, поттикне, заскокотка…

Галеријата е составена од фотографии кои биле претставени на некоја изложба, значи поминале некаква селекција и/или биле наградени. Фотографиите ги испраќаа клубовите кои самите ги избираа фотографиите, според  дадениот критериум. Најголем дел од клубовите педантно си ја завршија работата. Онаму каде што имавме повеќе од бараните дванаесет фотографии, по случаен избор беа избришани дел од фотографиите, за да се дојде до фер третман кон сите клубови и автори. Веруваме дека следната година ќе имаме уште поголем број на потенцијални кандидати и од ова искуство ќе научиме како подобро да се преставиме меѓусебно.

Затоа што сето ова е од „нас за нас“.

Уживајте во Галеријата на дел од клупските фотографии кои ја одбележаа 2012 година. (прв делвтор дел)

 

ДУША 2013, попуст за македонски автори

Фото кино клуб Козјак ве повикува да земете учество на Меѓународната изложба на уметничка фотографија ДУША 2013, која е под покровителство на ФСМ, ФИАП, ИААП, УПИ и ИСФ. Сите автори од Македонија добиваат попуст, односно можат да земат учество за 300 ден по тема. Повеќе »

Свежа фото иницијатива!

Една иницијатива за секаков поздрав и почит, И од естетска и од хумана димензија. Станува збор, за спонтана иницијатива на Букбокс, 12 твитер девојки, двајца професионални фотографи (Владимир Тасевски и Димитар Петровски) и една дизајнерка (Гордана Војнеска), направија хуманитарен дигитален календар кој ќе се промовира на 23.12.2012 (недела) во кафе „Ли“ од 20 часот.

Повеќе »

Деветта изложба на Чкрап!

Повеќе »