Архива на авторот: FSM

4-та Меѓународна изложба Куманово 2014

4-та Меѓународна изложба Куманово 2014 

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

ФОТОМЕДИА 2014

 

Број на фотографии: максимум 4

Краен рок за прием на фотографии: 15ти Септември, 2014 Повеќе »

Свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“

Фото Кино Клуб Битола Ве поканува на свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“ кое ќе биде во петок, 5 септември во 20.00 часот, во Завод и Музеј – Битола.

На конкурсот на меѓународната изложба „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“ пристигнаа вкупно 5050 фотографии од 401 автор од 54 земји од целиот свет, со што стручното жири имаше тешка задача да избере и награди 83 фотографии со медаљи, дипломи и специјални признанија.

Подетално можете да се информирате на веб страната:

http://fkkbitola.com/photofestbitola/results.php

BitolaPoster

Креативен викенд Лазарополе 2014

Foto vikend

Изложба на фотографии – „ФОТОГРАФИ(И)“ од Драги Неделчевски

Почитувани,

Фото Сојузот на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, изразуваат посебно задоволство да Ве поканат на отворањето на изложбата на фотографии со наслов „ФОТОГРАФИ(И)“ од Драги Неделчевски, Ф1 ФСМ, во рамките на „Денови на Македонската фотографија“ и „Скопско лето“.

На изложбата ќе бидат презентирани 40 црно-бели фотографии – портрети од фотографи кои авторот ги фотографирал додека тие го фотографирале него, 40 портрети кои ги поврзува едно нешто: моментот и чинот на фотографирањето. Фотографиите (со мали исклучоци) се направени последниве 4 години (2010 – 2014). Во време на разни его трипови, за оваа изложба, на прв поглед, може да се помисли дека е уште еден „его трип“, овојпат на авторот Драги Неделчевски. Фотограф ги фотографира своите колеги, додека тие го фотографираат него. Но, под маската на уште една егоцентрична ескапада можеби се крие желбата да се загребе под површината на феноменот на фотографијата и нејзините автори – фотографите. Можеби некој фото-археолог од иднината ќе се запраша: Кои се фотографите (познати или не на авторот) кои се фотографирани? Со какви фотоапарати (техника), се фотографирало? Каков бил односот на фотографот кон чинот на фотографирањето? Ова се нешта кои, заглавени во нашето секојдневие, често не ги забележуваме. Најмногу затоа што фотографот најчесто е скриен позади фотоапаратот, а се гледа само фотографијата што тој ја снимил. Ова е можност да го видиме фотографот во главна улога. „Тоа се мали студии на човекот позади фотоапаратот. Нивните изрази, моментот на концентрација, чудење или воодушевување, дури и нивниот “алат“ – се нешта кои би можел да ги гледам со часови“, вели авторот Драги Неделчевски…

 

ФСМ, јули 2014 година

2nd E C P A International Salon 2014

2nd E C P A International Salon 2014

Дигитална изложба.

Повеќе на: www.ecpaphoto.com

Современа Бугарска фотографија 2000-2014

Почитувани,
Фото Сојузот на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, изразуваат посебосебно задоволство дека за прв пат во Република Македонија на нашата публика ке i биде презентирана Современата Бугарска фотографија, во рамките на реномираните културни манифестации “Денови на Македонската фотографија“ и “Скопско лето“ .

Повеќе »

Tagged

Изложба на Зоран Велјаноски – Летра

Зоран Велјаноски – Летра е роден на 31 јули 1965 година во Охрид, Македонија. Со фотографија се занимава од најрана возраст.  Повеќе »

52 Мајстори на фотографијата – Жанлу Сјеф

„Ме интересираат сите аспекти на фотографијата и јас ја чувствувам истата љубопитност за женското тело и истата љубопитност и љубов за пејзажот. Повеќе »

Tagged

Изложба на уметнички фотографии „Заедно“

На ден 21.06.2014 во Велес со почеток од 20.00 часот, ќе се случи заедничка изложба на уметнички фотографии со наслов „Заедно“ помеѓу автори фотографи од ФКК Чкрап од Тетово и автори фотографи од ФКК Битола.

Zaedno-Veles-2014

Кога ќе се направи регресија за идејата што ја задвижи целата работа ќе се дојди до една тетовска кафана, неколку луцидни карактери на задожителна дружба после секоја изложба, по некоја остварлива идеја меѓу неостварливите и неколку добри луѓе од Велес и Кавадарци, спремни да ги реализираат истите.

Нормално како и за се друго кај нас, зеде време додека се изведе целата работа, но сега сме тука „Заедно“ во Ликовниот салон кој е во склоп на Народниот музеј од Велес, повелете.