Архива на авторот: FSM

ФОТОГРАФОТ БИШОЛЦ ВО СКОПЈЕ

Реномираниот француски фотограф Жереми Бишолц ќе престојува во Скопје за да реализира изложба на фотографии за Скопје, која ќе биде поставена во чест на четириесетгодишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, од 8 до 16 септември 2013.

Како независен уметник фотограф, Жереми Бишолц живее и работи помеѓу Бордо и Париз. Најпрво студирал историја на уметност и ликовна уметност, а потоа и фотографија и историја на фотографијата, со суб-специјалност познавање на фотографијата на филм и дигиталната фотографија.

Паралелно со професионалната кариера, тој работи и репортажи за издаваштвото, изложби и фотографија за специјализиран печат на тема луѓето и нивната околина, културно-историското-наследство, архитектура и урбанизам и современа уметност. Зел учество во изработката на дванаесет книги на тема архитектура и урбанизам, како и во изработката на четири дела кои ја обработуваат поврзаноста на културно-историското наследтсво на земјите и гастронимијата.
Реализирал изложби во Франција, Кина, Ирска, Летонија, Полска и Канада.

Eggleston, живот и дело

Некои го нарекуваат крајно банален, некои тоа го воспеваат кај него. Можеме да кажеме дека е прав панкер меѓу познатите фотографски имиња или комплетно да ја игнорираме неговата естетика… но топло го препорачуваме ова видео Повеќе »

Размислувања на структуралистот Р.Барт за фотографијата

,,СВЕТЛА КОМОРА, РОЛАНД БАРТ – НОТА ЗА ФОТОГРАФИЈАТА,,

Овој спис е настанат како последен печатен документ на овој француски структуралист. Настанат е од бес кој авторот го чувствувал кога читал литература за Фотографијата  која можел да ја најде, а била или техничка, или социолошко-историска и не одговарала  на прашањата кои го мачеле  – зошто некоја фотографија предизвикува возбуда или задоволство. Повеќе »

Моите вечни пријатели – Стените на Трескавец / изложба на Зоран Ивановски

На 19 август во 20:00 часот, во просториите на галеријата Графички колектив во Белград, ќе биде отворена изложбата фотографии на Зоран Ивановски, со наслов Моите вечни пријатели – Стените на Трескавец.

Пред белградската публика ќе бидат изложени 30тина фотографии со портрети на стените од околината на Трескавец. Фотографиите на изложбата се резултат на повеќегодишни истражувања на природата на стените и на себеоткривањето на авторот во нив.

„Секое одење на Трескавец за мене е нова радост и возбудување од средбата со стените – моите вечни пријатели. Да, чест и привилегија  ми е да сум во нивно друштво, во друштво на вечноста, да бидам повремено дел од нив. Секоја нова средба со нив е ново доживување затоа што моите пријатели се побогати со секој нов дожд, снег, со секој нов ден. И така се додека се изненадувам, откривам нешто ново во нив, јас ќе се молам да бидам во нивното друштво, во друштвото на Моите вечни пријатели.“ – за своето творештво вели Ивановски.

„Зад филмската камера“ Работилница за кинематографија

Во недела на 4-ти август со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Центар за култура – Битола, ќе се одржи стручно предавање/работилница од областа на кинематографијата со Проф. Горан Наумовски од ЕСРА – Скопје, во организација на Фото Кино Клуб Битола, а во склоп на фестивалот Бит Фест 2013.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со визуелна перцепција, теоретски аспекти на филмската слика, начин и константи на гледање на нашето око, разлики помеѓу фотографијата и реалноста, помеѓу филмот и фотографијата, потоа актерски портрет, светлина, боја, светлосни позиции, анатомија на човечкото лице изразено преку светлото и сенката.

Томислав Петернек – интервју

Под мотото Скопје се сеќава, кое е основна крилатица на сите активности за одбележување на скопскиот земјотрес од ‘63тата, Македонскиот центар за фотографија организираше презентација и две изложби на фотографии од скопскиот земјотрес. Нема да коментираме за впечатокот дека голем дел од гратските и државните фаци не покажаа интерес за овие значајни изложби, но некако е чудно што бројот на фотографи кои ги видовме на отворањето беше многу помал од некој очекуван. Дали е тоа периодот на организирање или едноставната незаинтересираност на помладите автори кои не ни знаат каква можност имаат пред нивниот праг е нешто кое е за некоја друга прилика. Повеќе »

Изложба на Петернек во МАНУ

Во четврток, 25 јули 2013 во 21 ч. во галеријата на МАНУ ќе се отвори изложба на 35 фотографии од Томислав Петернек, фотограф од Србија. Авторот пред македонската публика ќе се претстават со фотографии кои го документираат животот во Скопје, кога градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Изложбата е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.

Ласерите ги уништуваат дигиталните сензори

Учесниците кои беа присутни на работилницата за сценска фотографија, беа запознати со овој проблем кој најчесто се јавува на концерти. Ласерите кои се користат за разни светлосни ефекти

Повеќе »

ЏИН Апарат

Погледнете го овој фото апарат на видеото подолу! За многумина неговите димензии се незамисливи. Тоа што плени се огромните негативи со квалитет кој тешко дека ќе се надмине наскоро и, уште повеќе, акцентот не е на техничкиот аспект на машината, напротив,  нагласени се метафизичките нивоа на поимање на медиумот, што во последно време се помалку го сретнуваме. Уживајте и тоа на цел екран…

 

Новиот десктоп од Мекинтош

По читањето на карактеристиките на новиот декстоп на МАС, веројатно многумина од нас ќе зажалат зошто немаат 5 бубрези па четири да ги дадат на оглас….

Повеќе »