Редакција


Томислав Петернек – интервју

Под мотото Скопје се сеќава, кое е основна крилатица на сите активности за одбележување на скопскиот земјотрес од ‘63тата, Македонскиот центар за фотографија организираше презентација и две изложби на фотографии од скопскиот земјотрес. Нема да коментираме за впечатокот дека голем дел од гратските и државните фаци не покажаа интерес за овие значајни изложби, но некако е чудно што бројот на фотографи кои ги видовме на отворањето беше многу помал од некој очекуван. Дали е тоа периодот на организирање или едноставната незаинтересираност на помладите автори кои не ни знаат каква можност имаат пред нивниот праг е нешто кое е за некоја друга прилика. Повеќе »

Изложба на Петернек во МАНУ

Во четврток, 25 јули 2013 во 21 ч. во галеријата на МАНУ ќе се отвори изложба на 35 фотографии од Томислав Петернек, фотограф од Србија. Авторот пред македонската публика ќе се претстават со фотографии кои го документираат животот во Скопје, кога градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Изложбата е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.

Ласерите ги уништуваат дигиталните сензори

Учесниците кои беа присутни на работилницата за сценска фотографија, беа запознати со овој проблем кој најчесто се јавува на концерти. Ласерите кои се користат за разни светлосни ефекти

Повеќе »

ЏИН Апарат

Погледнете го овој фото апарат на видеото подолу! За многумина неговите димензии се незамисливи. Тоа што плени се огромните негативи со квалитет кој тешко дека ќе се надмине наскоро и, уште повеќе, акцентот не е на техничкиот аспект на машината, напротив,  нагласени се метафизичките нивоа на поимање на медиумот, што во последно време се помалку го сретнуваме. Уживајте и тоа на цел екран…

 

Новиот десктоп од Мекинтош

По читањето на карактеристиките на новиот декстоп на МАС, веројатно многумина од нас ќе зажалат зошто немаат 5 бубрези па четири да ги дадат на оглас….

Повеќе »

Nokia Lumia 1020 со 41МР камера

Откако и во пракса проверивме дека со солидно направен паметен телефон може да се направи фотографија со пристоен квалитет за печатење веројатно се повеќе ќе имаме вести од овој тип. За многумина неверојатно и неитересно, но, еве, излезе телефон со камера која има 41 мегапиксел.

Повеќе »

Кинески, ама 100 МР

 

 

Кинескиот институт за оптика и електроника развил камера од 100 мегапиксели. Кинеската Академија на науки тврди дека наведениот институт развил камера со најголем број пиксели. Наречена ИОЕЗ-Канбан и снима видео со димензии 10.240 x 10.240 мегапиксели, може да снима во услови од минус 20 до плус 55 степени целзиусови, што, мора да признаеме се карактеристики кои се за секоја почит. Со димензии нешто помали од 20 х 20 х 20 сантиметри, висока осетливост и динамички опсег, можеме само да чекаме дали ќе развијат некоја верзија која ќе биде за општа комерцијална употреба. ИОЕЗ-Канбан (самото име кажува дека не е за општа комерцијална употреба 🙂 засега би се користел за мапирање, урбано планирање и мониторинг во случај на елементарни непогоди.

Галерии од ативностите на ФСМ

Драги наши, подолу можете да ги погледнете галериите од неколкуте настани кои ФСМ ги организираше ова лето.

Галерија на фотографии од отворањето на ДМФ 2013, фотографии на Александар Михајловски

Галерија на фотографии од отворањето на изложбата Бисери на српската фотографија

Галерија од фотографиите кои беа изложени на настанот Мојот град низ слики

Галерија од местото на изложбата од Сандра Новеска

Мистичен шепот низ вечноста – изложба на Љупчо Илиевски во Белград

По повод најголемиот македонски празник, Илинден, здружението на македонци од Белград – Македониум му приредува изложба на Љупчо Илиевски, во куќата на Ѓуро Јакшиќ, на 29ти Јули, 2013 година.

Изложба по повод 50 години од скопскиот земјотрес

Во вторник, 23 јули 2013 во 20 ч. во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје ќе биде организирана презентација и дискусија со фотографите Томислав Петернек од Србија и Франс Велтерс од Холандија. Двајцата фотографи пред македонската публика ќе претстават  дел од нивното долгогодишно творештво и ќе се осврнат на искуствата од фотографирањето на Скопје откако градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Презентациите се истовремено и најава за нивните изложби на фотографии од катастрофата, кои ќе бидат отворени наредните денови.

Овој настан е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Повеќе »