Редакција


SOUL

Фото кино клуб ВИДИ, НУЦК Кр. Паланка од Крива Паланка и Фото кино клуб КОЗЈАК од Куманово срдечно Ве покануваат на свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија SOUL, односно ДУША 2013. Свеченото отворање ќе се одржи на 22 февруари 2013 година во 19 часот во НУЦК Крива Паланка.

На изложбата која ги доби патронатите од сите светски фотографски федерации, пристигнаа 5174 од 520 автора од 64 земји, што претставува своевиден рекорд на македонската фотографска сцена. Сите пристигнати фотографии се со специјални културни карактеристики кои ја направија изложбата со висок артистички квалитет, а за наградите и за поставката одлучуваше стручно и еминентно жири.

Уште еднаш ве покануваме да го посетите свеченото отворање на 22 февруари во 19 часот и заедно да ја проследиме поставката на наградените и најдобрите пристигнати фотографии.

„ПОГЛЕДИ”, фотографска изложба на Фото Кино Клуб Битола во Охрид

Долги години во Битола, фотографијата за разлика од нејзината примарна цел, претежно беше употребувана само во комерцијални цели. Некаква слободна дефиниција за тоа би било, дека фотографот бил платен за фотографија, наместо за уметничко дело. Повеќе »

Фото изложба на Славица Панова во КИЦ

Познатиот фотограф од Струга Славица Панова, во КИЦ „Култура 365“, во сабота на 26-ти јануари ќе одржи самостојна изложба.

Изложбата насловена како „Боите на ветрот“ ќе биде свечено отворена во 19:00 часот. Панова ќе се претстави со одбрани фотографии.

Родена во Струга на 15. мај 1980. година, инспирацијата често ја наоѓа во родниот град. Објективот на Панова овековечува дел од животот во градот на Црн Дрим, но и многу пошироко. За своето творештво вели: – Има денови кога едноставни работи се среќа, сами по себе. Јас сакам да ги споделам тие работи и таа среќа.

Дел од најубавите фотографии на Славица можете да погледнете и на нејзината официјална веб страница.

Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија

Драги наши, ова е новост на наштата страница, а се надеваме дека ќе стане убава традиција. Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија, од годината што измина. Затоа што е новина, можеби и лесно ќе се наоѓаат маани, но да се обидеме да ги видиме убавите страни на истото. За нашата фотографска сцена можат да се слушнат разни замерки, основани и неосновани критики. Предлагаме да ги заборавиме за момент. Веруваме дека, кога вака се поставени фотографиите, на едно место, се добива и една поинаква, посериозна слика за нашата авторска сцена. Веруваме дека значаен дел од прикажаното ќе ве изненади, поттикне, заскокотка…

Галеријата е составена од фотографии кои биле претставени на некоја изложба, значи поминале некаква селекција и/или биле наградени. Фотографиите ги испраќаа клубовите кои самите ги избираа фотографиите, според  дадениот критериум. Најголем дел од клубовите педантно си ја завршија работата. Онаму каде што имавме повеќе од бараните дванаесет фотографии, по случаен избор беа избришани дел од фотографиите, за да се дојде до фер третман кон сите клубови и автори. Веруваме дека следната година ќе имаме уште поголем број на потенцијални кандидати и од ова искуство ќе научиме како подобро да се преставиме меѓусебно.

Затоа што сето ова е од „нас за нас“.

Уживајте во Галеријата на дел од клупските фотографии кои ја одбележаа 2012 година. (прв делвтор дел)

 

Радикална промена на технологијата на изработка на објективи?

Тим на научници од Харвард (Harvard School of Engineering and Applied Sciences) предводени од изстражувачот Federico Capasso тврди дека пронашле начин кој радикално ќе ја измени технологијата на објективите како што ги знаеме. Дека тие драматично ќе ја намалат нивната димензија и маса и дека ќе имаме совршено проектирани слики на нашиот фото-осетлив материјал. Повеќе »

2012 година на фотографии од мобилни телефони

Проследете го текстот на линкот подолу, кој е на некој начин продолжување на текстовите кои на разни нивоа анализираат како ќе се движи фотографијата во блиска иднина.  Повеќе »

Фотографија-цртање со светло. Буквално

Погледнете ја галеријата подолу, на фотографот Atton Conrad, каде што тој буквално црта со светло. Користејќи долги релативно експозиции и камера што ја управува на далечинско и ги облекува своите модели во светлина. Повеќе »

Јане Љоровски, дипломска изложба

Прочитајте го заклучокот кој е теоретска претходница на дипломската изложба на нашиот фотограф Јане Љоровски.

Изложбата е интересна од многу аспекти, но веројатно на прва ќе ве заинтересира затоа што станува збор за фотографии на сцена, под УВ светло. Повеќе »

Иднината на фотографијата

Откако објавивме два наши авторски текстови врзани со иднината на фотографијата, еве едно видување кое се пренесува глобално. Повеќе »

ШЕКСПИР ВИА “ЛИВИНГ“ ТЕАТАР

Малку чуден наслов за текст кој треба да зборува за фотографијата. Само навидум. Фотографијата и театарот припаѓаат на културата, а таа како општествена  надградба ја дели судбината  на целото општество и e подложна на истите закономерности и влијанија. Театаот и драмата ми послужија како занимлива тема за споредба  со фотoграфијата, бидејки може да ни даде  аналогии кој ќе соодветствуваат со ова што се случува денес во фотoграфскиот медиум. Повеќе »