Занимливости


Светломер додаток за ајфон

Доколку сеуште не сте му купиле уши, или некоја светкава маска, можете да се обидете вашето силиконско милениче да го надградите со Luxi Light Meter Adapter for iPhone 5/5s.

Овој додаток, за промена дури делува и дека може и да е корисен.

ТУКА повеќе

Анимирана историја на фотографијата

Се проценува дека во светот денес се прават…КОЛКУ фотографии на ден? Повеќе отколку што се направени во првите 100 години од настанокот на фотографијата. Инфлација или развој?

Уживајте во симпатичната анимација..

KaleidoCamera додаток за DSLR

Прототип на уште еден додаток за дигиталните SLR апарати, кој веројатно и ќе најде примена во експериментална, научна и некој вид на документарна намена. Иако не веруваме дека ќе има широка примена кај авторската фотографија, сепак, Повеќе »

Смартфон скенер за 35мм филм

Ломо играчка за дигитализирање на вашите негативи. Отсега можете лесно да ги скенирате лентите директно на вашиот смартфон. Повеќе »

Студио симулатор

Како да го наместите светлото? Кое светло? Какво светло? Со која јачина? Оддалеченост? Повеќе »

Тоа што не го гледа посетителот…

Деновите на Македонската фотографија завршија успешно. Имаше две изложби, работилница и една мултимедијална  инсталација во соработка со операторот ВИП.

Но она што не се гледа, а е основа во организирањето на секоја манифестација, е договарањето,подготовката и одпремата на  изложбите.Тие бараат исклучителен напор ,енергија и внимание, за се да се заврши како што треба. Еден дел од публиката и нашите членови тоа не го гледа и не го цени. Само да потсетам, овој ангажман  на нашите членови е на доброволна основа, без хонорари и плаќање на трошоци.

Inline image 1

Еве како изгледа пакувањето на изложбата “Бисери на Српската фотографија“ во фундусот на Галеријата “Остен“.

Александар Кондев, Скопје, Август 2013

Eggleston, живот и дело

Некои го нарекуваат крајно банален, некои тоа го воспеваат кај него. Можеме да кажеме дека е прав панкер меѓу познатите фотографски имиња или комплетно да ја игнорираме неговата естетика… но топло го препорачуваме ова видео Повеќе »

Томислав Петернек – интервју

Под мотото Скопје се сеќава, кое е основна крилатица на сите активности за одбележување на скопскиот земјотрес од ‘63тата, Македонскиот центар за фотографија организираше презентација и две изложби на фотографии од скопскиот земјотрес. Нема да коментираме за впечатокот дека голем дел од гратските и државните фаци не покажаа интерес за овие значајни изложби, но некако е чудно што бројот на фотографи кои ги видовме на отворањето беше многу помал од некој очекуван. Дали е тоа периодот на организирање или едноставната незаинтересираност на помладите автори кои не ни знаат каква можност имаат пред нивниот праг е нешто кое е за некоја друга прилика. Повеќе »

Ласерите ги уништуваат дигиталните сензори

Учесниците кои беа присутни на работилницата за сценска фотографија, беа запознати со овој проблем кој најчесто се јавува на концерти. Ласерите кои се користат за разни светлосни ефекти

Повеќе »

ЏИН Апарат

Погледнете го овој фото апарат на видеото подолу! За многумина неговите димензии се незамисливи. Тоа што плени се огромните негативи со квалитет кој тешко дека ќе се надмине наскоро и, уште повеќе, акцентот не е на техничкиот аспект на машината, напротив,  нагласени се метафизичките нивоа на поимање на медиумот, што во последно време се помалку го сретнуваме. Уживајте и тоа на цел екран…