Авторска фотографија


52 МАЈСТОРИ НА ФОТОГРАФИЈАТА РИЧАРД АВЕДОН

002 / Richard AVEDON © The Richard Avedon Foundation

Andy Warhol and members of The Factory: Gerard Malanga, poet; Viva, actress; Paul Morrissey, director; Taylor Mead, actor; Brigid Polk, actress; Joe Dallesandro, actor; Andy Warhol, artist, New York, October 9,1969 Повеќе »

52 Мајстори на фотографијата – Ансел Адамс

Со големо задоволство ја почнуваме рубриката 52 мајстори на фотографијата, од Драги Неделчевски. Како што и самиот наслов кажува, се работи за рубрика во која еднаш Повеќе »

Урбани пејсажи – Joel Tjintjelaar

Погледнете избор од неверојатните урбани пејсажи  од Joel Tjintjelaar.

1.Joel-Tjintjelaar-empire-state-building-e1357832442724I

избор на следниве  ЛИНК и ЛИНК 

За изложбата Поезијата на секојдневието на Дејан Колевски

Синоќа, 01.11.2013 година во националната галерија Мала Станица, ненаметливо се отвори изложбата на Дејан Колевски, самостоен автор член на ФСМ. На изложбата се поставени 5о црно бели фотографии.  Уште на прв поглед, изложбата делува како Повеќе »

Eggleston, живот и дело

Некои го нарекуваат крајно банален, некои тоа го воспеваат кај него. Можеме да кажеме дека е прав панкер меѓу познатите фотографски имиња или комплетно да ја игнорираме неговата естетика… но топло го препорачуваме ова видео Повеќе »

Томислав Петернек – интервју

Под мотото Скопје се сеќава, кое е основна крилатица на сите активности за одбележување на скопскиот земјотрес од ‘63тата, Македонскиот центар за фотографија организираше презентација и две изложби на фотографии од скопскиот земјотрес. Нема да коментираме за впечатокот дека голем дел од гратските и државните фаци не покажаа интерес за овие значајни изложби, но некако е чудно што бројот на фотографи кои ги видовме на отворањето беше многу помал од некој очекуван. Дали е тоа периодот на организирање или едноставната незаинтересираност на помладите автори кои не ни знаат каква можност имаат пред нивниот праг е нешто кое е за некоја друга прилика. Повеќе »

Изложба на Петернек во МАНУ

Во четврток, 25 јули 2013 во 21 ч. во галеријата на МАНУ ќе се отвори изложба на 35 фотографии од Томислав Петернек, фотограф од Србија. Авторот пред македонската публика ќе се претстават со фотографии кои го документираат животот во Скопје, кога градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Изложбата е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.

Изложба по повод 50 години од скопскиот земјотрес

Во вторник, 23 јули 2013 во 20 ч. во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје ќе биде организирана презентација и дискусија со фотографите Томислав Петернек од Србија и Франс Велтерс од Холандија. Двајцата фотографи пред македонската публика ќе претстават  дел од нивното долгогодишно творештво и ќе се осврнат на искуствата од фотографирањето на Скопје откако градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Презентациите се истовремено и најава за нивните изложби на фотографии од катастрофата, кои ќе бидат отворени наредните денови.

Овој настан е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Повеќе »

Победниците на Sony world photography award

Сони, во трката за подобро место на фотографскиот пазар, по примериот на другите гиганти во индустријата од пред некое време Повеќе »

Изложба на фотографии на Дејан Бошковски

“Таа и делот од неа” – Изложба на фотографии на Дејан Бошковски.
Изложбата ќе биде отворена на 23 мај во 20:00 во Coffee House, а ќе можете да ја погледнете до 29 мај.