Вести


Изложба на Зоран Ивановски, Моите вечни пријатели, карпите од Трескавец

ТРЕСКАВЕЦ ДАРУВА БЕСКРАЈНО

 

Секогаш кога бев на Трескавец, каде и да бев таму, јас бев на изложби, изложби кои ми ги даруваше оваа природа. Галерии насекаде, галерии на карпести скулптури, широко отворени за секој посетител. Повеќе »

Изложба на фотографии од работилницата за сценска фотографија

Во понеделник, во Галерија 8, во Безистенот на скопската чаршија, се отвора изложбата на фотографии кои се производ од работилницата за сценска фотографија во организација на ФСМ, Скопско Лето и независниот портал за култура www.Plagij.at . Повелете. Изложбата ќе се отвори во 20.00 часот. Повелете.

Изложба во Берн Драги Неделчевски 2013

Во рамките на фестивалот CULTURESCAPES BALKAN 2013, од 3 – 8 декември 2013 година во City Gallery – PROGR (Kulturpunkt.ch) во Берн, Швајцарија, по изложбите во Скопје (2009), Белград (2011) и Сараево (2013), беше отворена изложбата на фотографии „Живот во кутија“ од македонскиот фотограф Драги Неделчевски. Повеќе »

Младинска изложба за автори до 21 година

Убава можност за авторите до 21 година да земат учество во една меѓународна изложба. Изложбата е дигитална и со тоа трошоците се минимални. Повеќе информации можете да видите на следните долкументи:

отворање меѓународната изложба на уметничка фотографија “КУМАНОВО“

На 12.12.2013 г. / четврток / со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена меѓународната изложба на уметничка фотографија “КУМАНОВО“. Организатори на оваа изложба се Фотоарт групата “Ф7“ и НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово а проектот финансиски е подржан од страна на Министерството за култура на Република Македонија.

На отворениот конкурс за повеќе тематски целини пристигнаа повеќе од 3000 фотографии од 35 земји од целиот свет. Наградите и признанијата за најуспешните остварувања ќе бидат доделени на самото отварање на изложбата којашто пак е подржана од 4 фотографски асоцијации. Фотоарт групата “Ф7“ се јавува по трет пат како иницијатор и организатор на оваа меѓународна изложба.

Изложбата ќе биде поставена до 26.12.2013г.

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ФОТОГРАФСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ФОТОГРАФСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

„ТРЕТМАНОТ НА ФОТОГРАФСКИТЕ АРХИВИ – ПОТЕНЦИЈАЛИ И ПРЕДИЗВИЦИ“ Повеќе »

Годишна изложба на ФК Охрид

Фото клуб Охрид со задоволство ве кани на традиционалната годишна изложба на фотографии. Сабота, 07. 12. 2013 година во просториите на Охридско лето.

КОНКУРС во соработка на Филмскиот фонд и ФСМ

Почитувани членови на Фото Сојузот на Македонија.
Филмскиот Фонд на Македонија сака да направи брошура/продукциски водич на Македонија, со која сака да ги презентира условите за снимање на филмови во земјава. Текстот во брошурата ќе го илустрираат со фотографии од разни локации од Македонија. Брошурата би имала околу пеесетина и/или повеќе фотографии.
ИО на Фото Сојузот на Македонија во договор со Филмскиот Фонд, заради барањето за висок  квалитет на фотографиите, одлучи дека во брошурата ќе бидат објавувани фотографии исклучиво од членови на Фото Сојузот на Македонија. Повеќе »

Прва меѓуклупска изложба-известување

Почитувани,

Фото клуб Елема сака да им се заблагодари на сите автори и авторки кои земаа учество на првата изложба од ваков тип кај нас, меѓуклупската изложба: Зимски Салон – Елема 2014. Искрено се радувавме на секој пристигнат пакет, и, да бидеме искрени, добивме повеќе фотографии отколку што очекувавме. Тоа го сметаме како позитивен сигнал на наговестените промени, односно јасна поддршка за напорите кои го вложуваме и насоките по кои се раководиме. За тоа, искрено сме ВИ благодарни.  Повеќе »

Јасна Богдановска. Кодак.

Сакаме да ви пренесеме една убава вест. Неодамна, „нашата“ Јасна Богдановска е избрана за претседателка на Eastman Young Professionals. Секоја чест.

Веста интегрално е објавена ОВДЕ.