Национална Галерија, Мултимедијален Центар Мала Станица
08.12.2012, сабота 20 ч.
Вести
Отворање на Фотомедиа 2012
„Скопје сити мол“ конкурс за најубава фотографија за Скопје
Пренесуваме информација за конкурс за фотографии од Скопје. Ставот на редакцијата е дека е во ред да се пренесат информации кои се поврзани со фотографијата, но секако дека сметаме дека треба да се оградиме од содржината на огласот. Повеќе »
Изложба на ФК ЕЛЕМА во Сараево
Патувачката изложба „Елема монохроматик“ на фото клубот Елема од Скопје ќе биде отворена во понеделник, на 5 ноември во 19:00 часот во галеријата БлекБокс (BlackBOX) во Сараево.
Со 30тина фотографии авторите од фото клубот Елема се претставуваат пред Сараевската публика прославувајќи ја 50 годишнината од постоењето на клубот.
Формиран 1962та од група студенти на Електро техничкиот и Машинскиот факултет во Скопје, Елема успева да опстои до денеска благодарејќи на нејзината способност да привлече нови генерации кои носат подстрек и елан за работа и творење, а истовремено да ги задржи старите членови кои придонесуваат да се одржи високото ниво на фотографската естетика.
„Елема монохроматик“, иако претставува само дел од творештвото на членовите од клубот, јасно го пренесува нивниот поглед кон современата фотографија, нивните идеи, творештво и длабоката љубов кон фотографијата.
Изложбата е поддржана од Право Људски – филмскиот фестивал за човековите права, Сараево, а ќе биде отворена до 12 ноември 2012. Таа до сега се претстави и пред словенечката публика во Марибор, градот на културата на Европа за 2012.
Владимир Секуловски – Бистра
Фото клубот Елема годинава традиционално го организира, по тринаесетти пат, биеналето на уметничка фотографија Фотомедиа. По Фотомедиа за Скопје слушнале многу автори од најразлични земји од светот, а самата изложба е еден вид на реминисценција на едно активно, разиграно, квалитетно Скопје, кое е дел од светската културна мапа. Ќе биде интересно да се види овогодинешното издание, заради тоа што на глобалното поле културниот натпревар се повеќе се одвива дигитално, а Фотомедиа останува верна на вредностите кои гласно ги декларира, дека единствено на печатената (принт) фотографија може да се гледа како на краен продукт на авторот.
Рокот за пријавување на фотографиите е уште во тек и истиот завршува на 8 ноември 2012.
Изложба на фотографии „ Пат “ на Миладин Чолаковиќ – Кинотека
Регоналната платформа за активизам „Лице в лице“ има чест да ве покани на изложбата на фотографии насловена „Пат“ на кинематограферот и фотограф Миладин Чолаковиќ. Настанот ќе се одржи на 3 ноември (сабота) во Кинотеката на Македонија со почеток во 19 часот. Повеќе »
Аспекти на балканската фотографија
Деновиве се случува едно, барем на хартија интересно собирање, Аспекти на балканската фотографија, Солун 2012. Има интересни изложби, средби, излагања. Дури има и, колку што успеавме да видиме и еден претставник од Македонија.
Самото случување има некоја доза на контроверза или недоволна сериозност во пристапот, но тоа можеби и се должи на грчкиот однос кон странските јазици и не така добро подготвената веб презентација. Пресудете сами…
Самит на фотографите од бившите југословенски простори
Иако веројатно на повозрасните терминот самит ќе им поттикне некои поразлични асоцијации кога е собиранка на луѓе од бившите југословенски простори, секако дека ова е една интересна форма на контекстуализација на соверемените фотографски текови. Повеќе »
Cовремената македонска фотографија, галерија Принципиј, Ријека, Хрватска
Македонската современа фотографија преку работата на 31 автор и 45 изложени дела, ќе се претстави утре пред хрватската публика.
Изложбата насловена „Современа Мiакедонска фотографија“ ќе биде отворена утре, 25.09.2012, во 20:00 часот во галеријата Принципиј во Ријека, Хрватска, а ќе ја отвори почесниот конзул на Р.Македонија во Хрватска Горан Калоѓера.

Изложените фотографии се избор на уметничкиот совет при Фото сојузот на Македонија, кој преку оваа селекција сакаше да ја презентира фотографијата во Македонија денеска, но и работата на авторите од разни генерации, кои работат самостојно или како членови на фото клубовите, како и мотивите и идеите кои авторите најчесто ги преокупираат.
„Овие 45 фотографии се силно поврзани и вмрежени со изворната праисконска идеја на фотографијата. Го имаат уловено животот или ситните нешта кои животот го прават поубав. Дали е тој живот фатен на улица, во од, или е режиран според магичната снимателска имагинација на авторот и преточен во трајна фотографска слика, на крајот не е воопшто битно. Творечките патишта на авторите се различни, а методиологиите силни и со силен личен печат. Резултатот на овие индивидуалности е актуелна и современа фотографија, која со самиот чин на избор од страна на стручното тело се престорува во историски факт и по овој автоматизам преминува во архивски материјал. Не само архивски материјал, туку добива значење на културно добро бидејќи ја претставува фотографската работа на една земја. Духот и свежината од непосредноста на овие фотографии силно се чувствува…“ во каталогот за изложбата ќе каже проф. Борислав Божиќ.

Повеќе информации на: http://photori.org/photori/suvremena-makedonska-fotografija/
Поздрав,
www.fotosojuz.mk
Nikon D600 и Canon 6D

Жешките есенски новости во трката на пазарот на дигитални СЛР камери се вшештува до усвитување пред годинешнава Фотокина! Nikon го најави својот D600 а Canon новиот 6D! И двете камери се со слични перформанси. Наменети за горе-долу „сличен профил“ на напредни корисници. И двете камери се со слични контроверзи. И двете камери имаат напредни функции од поамбициозните тела на нивните постари „браќа“ како и доза на „безобразлук“ во тенденцијата на подигнување на цената на оваа класа на дигитални фото-апарати. Погледнете ги спецификациите:
Nikon D600 иCanon 6D



