Број на фотографии: максимум 4
Краен рок за прием на фотографии: 15ти Септември, 2014 Повеќе »
Фото Кино Клуб Битола Ве поканува на свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“ кое ќе биде во петок, 5 септември во 20.00 часот, во Завод и Музеј – Битола.
На конкурсот на меѓународната изложба „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“ пристигнаа вкупно 5050 фотографии од 401 автор од 54 земји од целиот свет, со што стручното жири имаше тешка задача да избере и награди 83 фотографии со медаљи, дипломи и специјални признанија.
Подетално можете да се информирате на веб страната:
Почитувани,
Фото Сојузот на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, изразуваат посебно задоволство да Ве поканат на отворањето на изложбата на фотографии со наслов „ФОТОГРАФИ(И)“ од Драги Неделчевски, Ф1 ФСМ, во рамките на „Денови на Македонската фотографија“ и „Скопско лето“.
На изложбата ќе бидат презентирани 40 црно-бели фотографии – портрети од фотографи кои авторот ги фотографирал додека тие го фотографирале него, 40 портрети кои ги поврзува едно нешто: моментот и чинот на фотографирањето. Фотографиите (со мали исклучоци) се направени последниве 4 години (2010 – 2014). Во време на разни его трипови, за оваа изложба, на прв поглед, може да се помисли дека е уште еден „его трип“, овојпат на авторот Драги Неделчевски. Фотограф ги фотографира своите колеги, додека тие го фотографираат него. Но, под маската на уште една егоцентрична ескапада можеби се крие желбата да се загребе под површината на феноменот на фотографијата и нејзините автори – фотографите. Можеби некој фото-археолог од иднината ќе се запраша: Кои се фотографите (познати или не на авторот) кои се фотографирани? Со какви фотоапарати (техника), се фотографирало? Каков бил односот на фотографот кон чинот на фотографирањето? Ова се нешта кои, заглавени во нашето секојдневие, често не ги забележуваме. Најмногу затоа што фотографот најчесто е скриен позади фотоапаратот, а се гледа само фотографијата што тој ја снимил. Ова е можност да го видиме фотографот во главна улога. „Тоа се мали студии на човекот позади фотоапаратот. Нивните изрази, моментот на концентрација, чудење или воодушевување, дури и нивниот “алат“ – се нешта кои би можел да ги гледам со часови“, вели авторот Драги Неделчевски…
ФСМ, јули 2014 година
Почитувани,
Фото Сојузот на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, изразуваат посебосебно задоволство дека за прв пат во Република Македонија на нашата публика ке i биде презентирана Современата Бугарска фотографија, во рамките на реномираните културни манифестации “Денови на Македонската фотографија“ и “Скопско лето“ .
Зоран Велјаноски – Летра е роден на 31 јули 1965 година во Охрид, Македонија. Со фотографија се занимава од најрана возраст. Повеќе »
Извонредна можност за квалитетен принт за достапна цена. Имено, во договор со БГ Елит, фото-студио од Белград, ФСМ доби повластени цени за печатење за своите членови. Повеќе информаци можете да погледнете на www.voxellab.rs и www.bgefoto.rs.
Можат да се изработуваат принтови од 20х30 до 30х91 сантиметар, на Fuji DP 2
сјајна или мат површина, како и PEARL (металик хартија):
Цените, исклучиво за членови на ФСМ со подмирена членарина се:
20х30 см – 1 евро
30х40см – 2 евра
PEARL 20×30 1.5 eвра 30×40 3 eвра.
Доколку сакате да ги печатите таму своите фотографии, исконтактирајте го претседателот на ФСМ г-динот Боро Рудиќ, на следнава адреса: boro11
П р о г р а м а
за Денови на македонската фотографија 2014
Денови на македонската фотографија 2014 ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ 2014.
Интернетот е преполн со разноразни електронски списанија за се и сешто и во Повеќе »