Вести
Резултати – младински салон 2014
Изложба на ФКК Битола во Кавадарци
Фото кино клубот Битола ја претставува својата годишна изложба (2013) во Музеј-галерија Кавадарци. Отворањето е на 21-ви март, петок, 20.00 часот.

Сигма DP2 Quattro
Пред извесно време Сигма ја најави најновата сензација од својата палета, три (фокални) верзии на копактно тело со APS-C foveon сензор. Веќе неколку години се прават шеги и вицеви за експериментите на Сигма што се однесува до нивните компактни и модуларни тела. Ова е едно од нив. Повеќе »
Изложба на Уметничка фотографија, Младински Салон 2014
Се повикуваат сите автори и авторки не постари од 21 година да земат учество во младинската изложба во ортанизација на фото групата Ф7 од Куманово.
Изложбата е под патронат на ФСМ, со патронажен број 2014/12.
Авторите конкурираат со црно бели и колор фотографии (поединечна или колекции).Максимален број на фотографии е 4 со димензии не помали од 20х30 и не поголеми од 30х40cm.
Измени во роковите за изложбата: новите датуми се следниве-последен рок за испраќање на фотографии е 20 март, а жирирањето ќе се одржи на 22 март.
Почина Чедо Ненковиќ, големиот фоторепортер со уметничка душа
Синоќа почина нашиот драг колега Чедомир Ненковиќ, големиот фоторепортер со уметничка душа.

Познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ, чии дела оставија длабоки траги во македонското новинарство, а беа објавувани и од многу странски и домашни медиуми и агенции, почина синоќа.
Буби, како што ги викаше неговите пријатели и колеги, а така го викаа и тие кои работеа со него, беше познат не само по својот професионализам, туку и како голем шегаџија, голем другар, и голем поддржувач на младите и надежни фотографи, кои покрај него ја засакаа таа професија.
Зад себе имаше долг работен век, а како фоторепортер работеше во дневниот весник „Вечер“, а од првите денови на формирањето на дневниот весник „Дневник“ беше назначен за уредник на фотографија. Работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг“, а има реализирано и повеќе фоторепортажи за познатиот магазин „Нешенел Џиографик“.
Еден од поистакнатите периоди во неговото творештво беше во времето на косовската криза во 1999 година, но и во оружениот конфликт од 2001 година во нашата земја, а неговите мајсторски фотографии беа преземани од низа светски новински агенции, а за некои од нив доби и меѓународни награди.
Превземено од plusinfo.mk
ФИАП конкурс пријателство и солидарност
ФИАП организира конкурс за помош во изградбатана медицински центар за помош на жени и деца во регионот на Буркина Фасо. Повеќе »
Отворање на изложбата Зимски Салон Елема 2014
Почитувани,
Државната изложба Зимски Салон Елема 2014, во конкурсот објавена под работен наслов Меѓуклупска изложба со тема Движење, ќе се отвори во Кинотеката на Повеќе »
Елема Монохроматик во Прага
Патувачката изложба Елема Монохроматик, колекција составена по повод 50 годишнината на ФК Елема во 2012 година, на први Февруари, 2014 година ќе биде поставена во Прага, во еден неформален изложбен простор. Изложбата ќе може да се погледне во текот на месец Февруари. Повеќе »
Rovinj Photodays ги отвори вратите и за меѓународни натпреварувачи
Веќе седма година по ред, обврзна летна дестинација за сите оние кои животот го гледаат низ визирот на фото апаратот, е најголемиот фестивал на фотографијата во регионот, сместен во магичната Истра, Rovinj Photodays. Повеќе »
Резултати од жирирањето на меѓуклупската изложба: Зимски Салон – Елема 2014
Почитувани, првичните резултати од жирирањето можете да ги погледнете во документот во прилог. Ве молиме, доколку забележите некој направен превид (грешка во име, презиме, наслов на дело….), да ни укажете на истиот на адреса pcelema@gmail.com. Им честитаме на сите кои учествува.
Се молат сите автори/авторки кои имаат примени фотографии, да ги испратат истите во најкус можен рок, на pcelema@gmail.com за потребите на каталогот за изложбата. Фотографиите се именуваат на следниот начин: име_презиме_наслов.jpg, 15 сантиметри подолгата страна 300дпи. Наслов на пораката: за каталог на меѓуклупската изложба.
Благодариме


