Архива на авторот: FSM

Објавете фотка на National Geographic Traveler

Сакате ваша фотографија на ова култно списание? Повеќе »

Меѓуклупска изложба на фотографии

Меѓуклупска изложба на фотографии

Куманово 2015

Календар на изложбата:

Краен рок за прием на фотографии: 26 септември 2015

Изложба: 15 октомври 2015
Организатор: Организатор на изложбата е фото група Ф7 од Куманово во соработка со НУЦК “Tрајко Прокопиев”-Kуманово, Народна Техника-Куманово и Гимназија Гоце Делчев-Куманово.

Правила за учество:

-Право за учество имаат сите членови на Фото Сојуз на Македонија, кои
имаат платено чланарина и членуваат во клубови.
-Максимален број на фотографии за учество е 4.
-Најмал формат за учество на изложбата е (20х30),а најголем (30х40)

Тема:Слободна

Селектор:Селектор на изложбата е Цветан Гавровски Fiap Lo, МФ ФСМ

Изложбата е по повод 5 години од формирање на фото група Ф7 од Куманово.
Изложбата не е од натпреварувачки карактер.

Покровител на изложбата: Министерство за култура.

ДМФ 2015 – резултати

Почитувани,

На линковите подолу можете да ги видите резултатите од овогодинешното жирирање  на Деновите на Македонската Фотографија, кое се одржа во Кинотеката на Македонија, на 05.09.2015 година. Повеќе »

Меѓународен салон на уметничка фотографија САЛОН 2015

Фото клуб Козјак ве кани да учествувате на:

 Меѓународен салон на уметничка фотографија САЛОН 2015

Секции:

СЛОБОДНА (монохром)

СЛОБОДНА (колор)

ПРИРОДА

ЛАЈФ

 

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО: ЛИНК

ПРИЈАВА: ЛИНК

Дејан Ангеловски

Претседател

 

PCC Kozjak

P.O. Box 33; 1300 Kumanovo; Macedonia

email: pcckozjak@gmail.com

web: www.kozjak.mk

 

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈA

Почитувани,

УНЕСКО оваа година ја прогласи за година на светлото. Фотографијата е уметност на светлото. Македонската фотографија која на овие простори постои скоро 170 години, и покажува дека талентот, работата и упорноста секогаш даваат резултати, а добрите фотографии остануваат како дел од визуелното паметење на овој народ.
Фото сојузот на Македонија 69 години е асоцијација која непрекинато до денес ги организира фотографите и клубовите во свјата творечка работа.
Извршниот одбор има задоволство да констатира дека клубовите и авторите од Македонија со своите дела добиваат афирмација несамо во нашата земја туку и во странство.

Најновата вест од Индонезија е – на 28th FIAP PROJECTED IMAGES BIENNIAL, Македонската колекција освои 9то место и Диплома, за прв пат во своето постоење, што е показател за нивото на Македонската фотографија и за успешноста на Фото Сојузот како нивна асоцијација.

Ова место и Диплома треба да ни даде потик и енергија да продолжиме со работата и со ангажманот во клубовите и Сојузот, за да го задржиме овој тренд и високо реноме.

Уметничкиот совет и Извршниот одбор на Фото Сојузот на Македонија им благодари и им честита на Авторите на фотографиите од оваа колекција и се надева дека и во наредниот период вака ке се продолжи.

И втората колекција, /Младинската, автори до 21 година/ на Фото Сојузот на Македонија го освои деветото место на 37th FIAP YOUTH DIGITAL BIENNIAL одржано во Србија, и само за 3 бода не ја освои Дипломата на ФИАП.

Ова е доказ дека подмладокот на Сојузот ветува со својот талент и работа, и дека ќе очекуваме од нив во иднина да созреаат и творат дела достојни да ја преставуват Македонската фотографија и култура насекаде во светот.

Уметничкиот совет и извршниот одбор на Фото Сојузот, им честита на младите автори како и на клубовите од кои потекнуваат.

Посебна благодарност до клубовите бидејки само со организирана и стручна едукација во нивна рамка , ќе имаме вистински членови кои достојно ќе ја продолжат 170 годишната традиција на фотографијата на ова тло.

Претседател на ФСМ
Боро Рудиќ

53ти Денови на Македонска Фотографија

Почитувани членови и автори на фотографии,

Фото сојузот на Македонија и оваа година традицинално ке ги организира  “Деновите на Македонска  Фотографија“,  53ти по ред. Како што Ви е познато оваа манифестација покрај основната цел  да ја прикаже годишната продукција и да го афирмира уметничкиот и културниот аспект на фотографијата , предвидува и други содржини, кои се во припрема, а за датумите и насловите благовремено ке Ве информираме.  Повеќе »

Боро Рудиќ – изложба во Софија

Магијата на фотографијата се крие во процесот на создавањето. Таа зрачи. Тоа на прв поглед не се забележува, но таа зрачи од секој нејзин дел.

Фотографијата всушност настанува во некој реален простор, во реално време, со реална перспектива на просторот, но сета таа “реалност“ кога ќе се сублимира во имагинацијата на Авторот, станува  визуелен  предизвик , приказна, односно, слоевит приказ на сето она што го инспирира, возбудува и го принудува да се искаже.

“Појавување и Исчезнување“ е изложба на зрел Автор кој со своето искуство и со своето творештво влегол во период, кој бара од авторот во процесот на создавање на фотографијата, да оди подлабоко во восприемањето на нештата, нивната симболика и порака, допирајќи дури до митското и магиското, кое и покрај сè  и денес е длабоко во нас.

Displaying Untitled_Panorama1 (2).jpg

Фотос е светло, графос е пишување, фотографија е цртање со светло, најсимплифицарана дефиниција на медиумот. И прифаќајќи  ја оваа наједноставна дефиниција, авторот зема храброст да се втурне во авантурата за да ја каже својата приказна за исконската природа, која секогаш нè победува со својата сложеност и тајновитост.

Боро Рудиќ, едноставно, со фотоапаратот го бара мотивот сокриен во ноќта, подалеку од градот, ослободена од вревата и шумот што ја скрнават убавината, и полека како старите раскажувачи, го става фотоапаратот на троножец и со светлото во рака, полека, дел по дел, ја одкрива и раскажува за скриената убавина, потенцирајќи или намалувајќи го интензитетот кон  предизвикот од природата, исто како раскажувачите во минатите времиња, навечер, покрај оган, кога е време за приказни и бајки…Затоа и фотографиите потсетуваат на нив. Да, сè е како што е во природата, и водата и небото, карпите и шумата, ама некако нестварно, видено од еден друг агол, нестварно како еден свет од соништата, а сепак препознатлив и конкретен..

За да се напише ена ваква “Збирка“ од приказни, потребни се денови и денови  размислување, разгледување на просторот, вдишување на воздухот и гледање во ѕвездите и Месечината… цели четири години во потрага по сокриените слики во ноќта кои требаа да се откријат и зачуваат.

Displaying Panorama spreda.jpg

Но на крајот пред нас блеснува природата со сета своја убавина, сокриената нежност и раскош, преточена во слики кои го пленат нашиот поглед.

Овие фотографии преточени во една ретко убава изложба и една несекојдневна монографија, оставаат длабок впечаток.

После Белград и Скопје, во Софија, во рамките на “Месец на фотографија“, секако најголема и најзначајна  фотографска манифестација во соседна Бугарија, на 26. јуни о.г. е отворена Изложбата на фотографии “Појавување и Исчезнување“ во Галеријата “Индустриална 11“, во присуство на членовите на Фотографската академија на Бугарија,   како и други автори и љубители на фотографијата.

Изложбата беше одлично примена и доби ласкави оцени од колегите и публиката.

 

 

Александар Кондев

XF Camera System – Phase One

Новата ѕверка во тешка категорија.  Повеќе »

Tagged , , , ,

Изложба на фотографии на Станислав Игнаци Виткјевич

Од 27 мај до 3 јуни 2015 година, Македонскиот народен Театар ќе биде домаќин на изложба на фотографии подготвена од страна на Амбасадата на Република Полска. На изложбата ќе бидат прикажани најпознатите фотографии на Станислав Игнаци Виткјевич познат како Виткаци (1885-1939), полски автор, драмски писател, уметник, филозоф и изведувач. Изложбата која ќе биде прикажана за време на Меѓународниот театарски фестивал во Скопје ја одбележува 130-та годишнина од раѓањето на авторот Виткаци и е дел од одбележувањето на проектот „Година на полскиот театар“.  Повеќе »

Tagged

Републичка изложба – отворање

Информација за отворањето на републичката изложба на фотографии, од ФКК Козјак:

Почитувани, заради неодамнешните случување во Куманово, приморани сме отворањето на изложбата да го одржиме во Сабота, 23.05.2015 година во 12:00 часот. Ве каниме сите вас, кои сте во можност да присуствувате на отворањето. Присуството на секој автор/авторка значи поддршка за нашата работа.

Со почит, ФКК Козјак