Редакција


Дејан Бошковски-Изложба на фотографии

Ако подлабоко се проучи Македонската уметничка сцена ке дојдеме до еден чуден заклучок. А тоа е дека нас на овие простори не ни недостасуваат автори, ентузијазам, идеи, нас ни недостасуваат вистински критичари на уметничкото творештво, кои за жал веќе со децении се изгубија од јавноста и од сретствата за јавно информирање.
Затоа е тешко но и одговорно да се пишува еден критички осврт за изложба,
Јас како автор и фотограф, публиката сакам да ги прима моите текстови повеке како есеј или размислување за дадената тема одколку како еден целовит критички осврт.
Првото прашање е како да се направи една изложба.
Едноставно, после еден подолг период на работење чувствуваш потреба тоа што е сторено да го споделиш со публиката. Но што се случува кај младите и неискусни автори кои сеуште се во фаза на истражување на медиумот?
За нив најтешко е да ги хомогенизираат селектираните дела. Тие треба да ги поврзат во некој ред, секоја да ја кажува својата сторија но во исто време изложбата да биде едно унилатерално кажување , една приказна, лична, авторска, која треба да го привлече посетителот и со него да комуницира. По ова прашање, Дејан Бошковски ја одбрал една од најтешките теми, ставајки ја жената во контекст со природата, па паралелно ги вплетува пејсажот и моделот во една целина.
Фотографиите што ги видовме се единствени во содржината но хетерогени во изведбата. Она што мене ми се допадна е што авторот не се концентрирал на фотографските елементи на сликата како : светло, боја, композиција, перспектива, туку сакал да внесе визуелна содржина и дејство, што денес поретко го среќаваме како авторски пристап. Тоа е основната нитка што ја поврзува и ја држи единствена самата изложба. Во желбата да покаже познавање од фотографската постпродукција , непотребно користи повеќе техники на обработка, и со тоа не само што ја нарушува хомогеноста туку излегува и од контекстот на кажувањето.
Секоја фотографија за себе и би можела да егзистира,но покрај успешните фотографии , овие фотографии навистина го намалуваат вкупниот впечаток.
Дејан всушност требал да постапи онака како што е нормално во галериите. Со помош на куратор, или консултант со галериско искуство да ја реализира ова убава идеја, која секако бара макотрпна работа и упорност.
Но прашањето е, дали кај нас има таква пракса односно може ли да најде за соработка такви луѓе.
Му останува искуството што го стекна изготвувајки ја оваа изложба. Ги виде и реакциите на публиката и колегите, а верувам во наредната изложба ќе ги искористи и ќе покаже квалитативен напредок.
Поседува визуелност, желба за креирање на сопствена фотографија, познавање на техниката на фотграфијата и има предиспозиции за стварање на нова и оригинална фотографија.
Александар Кондев

Јули 2013

 

Изложба на фотографија – Бојан Петровиќ

За прв пат македонската јавност ја има честа да гo види уметничкото творештво на Бојан Петровиќ од Србија. Бојан Петровиќ е роден на 01.01.1983. Повеќе »

БИСЕРИ НА СРПСКАТА ФОТОГРАФИЈА

Фото Сојузот на Република Македонија

во соработка со:

Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје

– Скопско Лето

– Галерија Остен и

– Амбасадата на Република Србија

Повеќе »

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА

 

Фото Сојузот на Република Македонија со задоволство ве кани на отворањето на:

51вите ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2013

во соработка со:

– Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје

-Скопско Лето и

-Рефот М

Покрај вообичаената поставка на изложбата, ќе можете и да ја погледнете младинската изложба, за автори/авторки до 21 година.

Како пропратен настан на изложбата, сите заинтересирани ќе имаат можност да ги испробаат врвните производи на Никон, во студио лоцирано во самиот простор на галеријата. Станува збор за професионалните ДСЛР апарати и објективи и дополнителна опрема, обезбедени од Рефот М.

 Саатница:

20-21 часот – Никон презентација

21 часот – отворање на Денови на Македонската Фотографија

Изложба за два часа-мојот град низ слики

Како што веќе најавивме, во склоп на денови на македонската фотографија се одржа и едниствената изложба од ваков тип кај нас, кога и да е одржана. Главни актери Повеќе »

Мојот град низ слики

Овозможено од Вип и Фото Сојузот на Македонија

 Уникатен спој на уметност и 3Г мобилна технологија

 Скопје, 4-ти јули 2013 – Вип оператор заедно со Фото Сојузот на Македонија ја организираат првата изложба на професионални фотографии направени и овозможени со помош на напредна мобилна технологија.  Повеќе »

„МОЈАТА ПРИКАЗНА“ предавање за уметничка фотографија

ФКК Битола со задоволство Ве поканува на интерактивно, стручно и информативно предавање/работилница од областа на уметничката фотографија, искуства, видици, можности, фотографијата како феномен, прилагодено за почетници и за поискусни. Предавач: Драги Неделчевски Ф1 ФСМ. Повеќе »

Резултати од жирирањто на ДМФ 2013

Почитувани,

подолу, можете да ги погледнете резултатите од жирирањето на Деновите на Македонската Фотографија 2013, одржано на 19.06.2013, во просториите на Кинотеката на Македонија. Ги поздравуваме сите кои зедоа учество и им честитаме на наградените.

 

ЛИСТА НА НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ НА ДМФ 2013

ЛИСТА НА ПРИСТИГНАТИ УЧЕСНИЦИ НА ДМФ 2013

ЛИСТА НА ПРИМЕНИ УЧЕСНИЦИ НА ДМФ 2013

Работилница за сценска фотографија

Фото Сојузот, во склоп на 51вите Денови на Македонската Фотографија, ќе одржи работилница за сценска фотографија. Повикот за пријава е отворен за сите фотографи и фотографки. Повеќе, прочитајте на следниов документ.

Резултати од 27мото ФИАП биенале на проектирани фотографии во Луксембург

Им честитаме на сите автори и авторки кои ја сочинуваа оваа македонска „репрезентација“. Македонската колекција се пласира на 26то место. Целокупниот распоред на земји можете да го видите ОВДЕ

Поединечните рангирања на македонските фотографии се ОВДЕ

Галерија од македонската колекција

Уште еднаш, од името на ФСМ, честитки.