Вести


Изложба на Петернек во МАНУ

Во четврток, 25 јули 2013 во 21 ч. во галеријата на МАНУ ќе се отвори изложба на 35 фотографии од Томислав Петернек, фотограф од Србија. Авторот пред македонската публика ќе се претстават со фотографии кои го документираат животот во Скопје, кога градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Изложбата е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.

Новиот десктоп од Мекинтош

По читањето на карактеристиките на новиот декстоп на МАС, веројатно многумина од нас ќе зажалат зошто немаат 5 бубрези па четири да ги дадат на оглас….

Повеќе »

Nokia Lumia 1020 со 41МР камера

Откако и во пракса проверивме дека со солидно направен паметен телефон може да се направи фотографија со пристоен квалитет за печатење веројатно се повеќе ќе имаме вести од овој тип. За многумина неверојатно и неитересно, но, еве, излезе телефон со камера која има 41 мегапиксел.

Повеќе »

Кинески, ама 100 МР

 

 

Кинескиот институт за оптика и електроника развил камера од 100 мегапиксели. Кинеската Академија на науки тврди дека наведениот институт развил камера со најголем број пиксели. Наречена ИОЕЗ-Канбан и снима видео со димензии 10.240 x 10.240 мегапиксели, може да снима во услови од минус 20 до плус 55 степени целзиусови, што, мора да признаеме се карактеристики кои се за секоја почит. Со димензии нешто помали од 20 х 20 х 20 сантиметри, висока осетливост и динамички опсег, можеме само да чекаме дали ќе развијат некоја верзија која ќе биде за општа комерцијална употреба. ИОЕЗ-Канбан (самото име кажува дека не е за општа комерцијална употреба 🙂 засега би се користел за мапирање, урбано планирање и мониторинг во случај на елементарни непогоди.

Галерии од ативностите на ФСМ

Драги наши, подолу можете да ги погледнете галериите од неколкуте настани кои ФСМ ги организираше ова лето.

Галерија на фотографии од отворањето на ДМФ 2013, фотографии на Александар Михајловски

Галерија на фотографии од отворањето на изложбата Бисери на српската фотографија

Галерија од фотографиите кои беа изложени на настанот Мојот град низ слики

Галерија од местото на изложбата од Сандра Новеска

Мистичен шепот низ вечноста – изложба на Љупчо Илиевски во Белград

По повод најголемиот македонски празник, Илинден, здружението на македонци од Белград – Македониум му приредува изложба на Љупчо Илиевски, во куќата на Ѓуро Јакшиќ, на 29ти Јули, 2013 година.

Изложба по повод 50 години од скопскиот земјотрес

Во вторник, 23 јули 2013 во 20 ч. во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје ќе биде организирана презентација и дискусија со фотографите Томислав Петернек од Србија и Франс Велтерс од Холандија. Двајцата фотографи пред македонската публика ќе претстават  дел од нивното долгогодишно творештво и ќе се осврнат на искуствата од фотографирањето на Скопје откако градот беше разорен од катастрофалниот земјотрес во 1963.

Презентациите се истовремено и најава за нивните изложби на фотографии од катастрофата, кои ќе бидат отворени наредните денови.

Овој настан е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.

Повеќе »

Изложба на фотографија – Бојан Петровиќ

За прв пат македонската јавност ја има честа да гo види уметничкото творештво на Бојан Петровиќ од Србија. Бојан Петровиќ е роден на 01.01.1983. Повеќе »

БИСЕРИ НА СРПСКАТА ФОТОГРАФИЈА

Фото Сојузот на Република Македонија

во соработка со:

Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје

– Скопско Лето

– Галерија Остен и

– Амбасадата на Република Србија

Повеќе »

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА

 

Фото Сојузот на Република Македонија со задоволство ве кани на отворањето на:

51вите ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2013

во соработка со:

– Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје

-Скопско Лето и

-Рефот М

Покрај вообичаената поставка на изложбата, ќе можете и да ја погледнете младинската изложба, за автори/авторки до 21 година.

Како пропратен настан на изложбата, сите заинтересирани ќе имаат можност да ги испробаат врвните производи на Никон, во студио лоцирано во самиот простор на галеријата. Станува збор за професионалните ДСЛР апарати и објективи и дополнителна опрема, обезбедени од Рефот М.

 Саатница:

20-21 часот – Никон презентација

21 часот – отворање на Денови на Македонската Фотографија