Фото сојуз на Македонија објавува „ Изложба на фотографии – ДМФ 2019 “
На 21ви јуни во НУ Уметничка галерија „ Безистен“ во Штип со почеток во 21,00 часот , ќе биде претставена изложбата од последните 57 ми „Денови на македонска фотографија“ . Љубителите на добрата фотографија од Штип ќе можат да ја видат, специјално за нив репризирана поставката од последните ДМФ кои оваа година се одржаа во Прилеп. Фото сојузот на Македонија во соработка со двата клуба ФК „ Ванчо Прке “ и ФК „ Широк агол “ и подршка од Локална самоуправа на градот , прави исклучок и за првпат изложбата ја носи во Штип . Ќе ни биде особено задоволство да присуствувате на претставувањето на најдобрите фотографии и автори од Македонија .