Ломо играчка за дигитализирање на вашите негативи. Отсега можете лесно да ги скенирате лентите директно на вашиот смартфон. Повеќе »
Архива на авторот: FSM
Студио симулатор
Како да го наместите светлото? Кое светло? Какво светло? Со која јачина? Оддалеченост? Повеќе »
Нов, FF Nikon, во ретро стил, БЕЗ ВИДЕО!
Амин. И аман со тоа видеото! (знаеме дека ќе не пцујат сите на кои тоа им е важно)… ама не убија со него. И со цени на новите камери и со кратење на перформансите во корист на видеото. Новата камера за која се „шушка“ треба да го има истиот сензор како D4 дизајн Повеќе »
Тоа што не го гледа посетителот…
Деновите на Македонската фотографија завршија успешно. Имаше две изложби, работилница и една мултимедијална инсталација во соработка со операторот ВИП.
Но она што не се гледа, а е основа во организирањето на секоја манифестација, е договарањето,подготовката и одпремата на изложбите.Тие бараат исклучителен напор ,енергија и внимание, за се да се заврши како што треба. Еден дел од публиката и нашите членови тоа не го гледа и не го цени. Само да потсетам, овој ангажман на нашите членови е на доброволна основа, без хонорари и плаќање на трошоци.
Еве како изгледа пакувањето на изложбата “Бисери на Српската фотографија“ во фундусот на Галеријата “Остен“.
Александар Кондев, Скопје, Август 2013
Трета меѓународна изложба Куманово
“Поезијата на секојдневието“ – изложба на Дејан Колевски
На 1-ви ноември во 20:00 во просториите на галеријата Мала Станица ќе биде отворена изложба на фотографии на Дејан Колевски. Изложбата насловена “Поезијата на секојдневието“ содржи пеесетина црно-бели фотографии. Повеќе »
10 години ЧКРАП!
Оваа есен, ЧКРАП! Полни 10 години од своето постоење. Редакцијата на ФСМ им го честита јубилејот и им посакува уште многу години успешна работа. Јубилејот ќе го одбележат како што е ред, со клупска изложба. До членовите на ЧКРАП! испративме неколку неформални прашања. Ова се одговорите кои стигнаа до нас. Веруваме дека и меѓу редовите, се доживува карактеристичниот дух на ЧКРАП! и „ЧКРАП!-овци“. Повеќе »
1-ва клубска изложба на уметничка фотографија ЈОРДАН ЗАЗОСКИ – ЗАЗО 2013
Фото Кино Клубот од Прилеп има чест да ве покани на свеченото отварање на првата клубска изложба на уметничка фотографија “Јордан Зазоски – Зазо” која ќе се одржи на 4ти Октомври(Петок) во 19:30ч. во домот на култура “Марко Цепенков” – Прилеп.

Учество ќе земат 19 автори: Димитар Ристески, Горан Попоски, Анастасија Бошкоска, Емил Солески, Дарко Митрески, Мики Николоски, Александар Кочоски, Александар Ристески, Божидар Барлакоски, Христијан Конески, Каролина Мицевска, Љубче Ристески, Габриел Стојаноски, Оливер Ангелески, Зоран Пилоски, Виктор Керов, Славчо Лазоски, Даниел Стојаноски, Кристијан Ѓоргиев, Александар Десоски. Изложбата ќе биде од продажен карактер.
III Самит на Фотографи од бивша Југославија, Лесковац
Фото клуб Лесковац ги повикува сите заинтересирани фотографи на Третиот Самит на Фотографи од бивша Југославија кој ќе се одржи во Лесковац, од 10 до 13 октомври 2013 година. Повеќе »



