Изложби


37мо FIAP дигитално Биенале за млади

Почитувани,

ФСМ ги кани сите млади фоторграфи од Македонија, членови на ФСМ, да ги испратат своите фотографии во дигитална форма, за оваа голема и престижна изложба.

Federation Internationale de L’Art Photographique(FIAP) чија членка е Фото Сојуз на Македонија, организира 37мо FIAPдигитално Биенале за млади, во 2015. Повеќе »

ДА ГО СОБЕРЕМЕ НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА НА ЕДНО МЕСТО!!!!

Почитувани фотографи,

Фото-кино клуб „Козјак“, има чест да ве покани да земете учество на нашата изложба „УЛИЦА 2015“. Изложбата е под патронажа на Фото сојузот на Р. Македонија и под покровотелство на Министерството за култура на Р. Македонија. Повеќе »

Годишна изложба на фотографии ФКК Битола 2014

Оваа година на 6 декември „ФКК Битола“ ја организира третата клупска изложба по ред. Во изминатиот период, клубот активно продолжи да се заложува за развојот на уметничката фотографија во нашиот град. Од сите активности кои клубот ги превзеде во таа насока, посебно се издвојува светската изложба на дигитална фотографија „Фото Фест Битола 2014“ под покровителство на сите поголеми фотографски асоцијации, со што се направи голем исчекор напред.

Годишната клупска изложба на ФКК Битола е ретроспективна, и опфатени се поголемиот број на фотографии кои се примени и наградувани на разни држави и меѓународни изложби на кои нашите членови редовно земаат учество и постигнуваат забележителни резултати.

Ќе ни биде чест доколку со вашето присуство ја збогатите нашата трета клупска изложба

Годишна изложба на Фото клуб Охрид

Голема чест и задоволство ни е да Ве поканиме на нашата традиционална годишна изложба по повод празникот Св. Климент. Изложбата е со црно бела фотографија на тема Охрид. Изложбата ќе се одржи во куќата на Робевци (музејот) во стариот дел на градот на 7 декември со почеток во 19:30 ч.

4-та Меѓународна изложба Куманово 2014

4-та Меѓународна изложба Куманово 2014 

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

ФОТОМЕДИА 2014

 

Број на фотографии: максимум 4

Краен рок за прием на фотографии: 15ти Септември, 2014 Повеќе »

Свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“

Фото Кино Клуб Битола Ве поканува на свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“ кое ќе биде во петок, 5 септември во 20.00 часот, во Завод и Музеј – Битола.

На конкурсот на меѓународната изложба „ФОТО ФЕСТ БИТОЛА 2014“ пристигнаа вкупно 5050 фотографии од 401 автор од 54 земји од целиот свет, со што стручното жири имаше тешка задача да избере и награди 83 фотографии со медаљи, дипломи и специјални признанија.

Подетално можете да се информирате на веб страната:

http://fkkbitola.com/photofestbitola/results.php

BitolaPoster

Изложба на фотографии – „ФОТОГРАФИ(И)“ од Драги Неделчевски

Почитувани,

Фото Сојузот на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, изразуваат посебно задоволство да Ве поканат на отворањето на изложбата на фотографии со наслов „ФОТОГРАФИ(И)“ од Драги Неделчевски, Ф1 ФСМ, во рамките на „Денови на Македонската фотографија“ и „Скопско лето“.

На изложбата ќе бидат презентирани 40 црно-бели фотографии – портрети од фотографи кои авторот ги фотографирал додека тие го фотографирале него, 40 портрети кои ги поврзува едно нешто: моментот и чинот на фотографирањето. Фотографиите (со мали исклучоци) се направени последниве 4 години (2010 – 2014). Во време на разни его трипови, за оваа изложба, на прв поглед, може да се помисли дека е уште еден „его трип“, овојпат на авторот Драги Неделчевски. Фотограф ги фотографира своите колеги, додека тие го фотографираат него. Но, под маската на уште една егоцентрична ескапада можеби се крие желбата да се загребе под површината на феноменот на фотографијата и нејзините автори – фотографите. Можеби некој фото-археолог од иднината ќе се запраша: Кои се фотографите (познати или не на авторот) кои се фотографирани? Со какви фотоапарати (техника), се фотографирало? Каков бил односот на фотографот кон чинот на фотографирањето? Ова се нешта кои, заглавени во нашето секојдневие, често не ги забележуваме. Најмногу затоа што фотографот најчесто е скриен позади фотоапаратот, а се гледа само фотографијата што тој ја снимил. Ова е можност да го видиме фотографот во главна улога. „Тоа се мали студии на човекот позади фотоапаратот. Нивните изрази, моментот на концентрација, чудење или воодушевување, дури и нивниот “алат“ – се нешта кои би можел да ги гледам со часови“, вели авторот Драги Неделчевски…

 

ФСМ, јули 2014 година

2nd E C P A International Salon 2014

2nd E C P A International Salon 2014

Дигитална изложба.

Повеќе на: www.ecpaphoto.com

Фото-конкурс за животот на ромската заедница во Македонија

„Под ист покрив“ е насловот на конкурсот по фотографија кој е започнат од страна на Civil Rights Defenders со цел да се зголеми видливоста на ромската популација во Македонија и секојдневните ситуации со кои се соочува оваа заедница. Конкурсот се реализира со поддршката на National Endowment for Democracy (NED). Повеќе »