
Редакција
Изложба на фотографии – ДМФ 2019
Фото сојуз на Македонија објавува „ Изложба на фотографии – ДМФ 2019 “
На 21ви јуни во НУ Уметничка галерија „ Безистен“ во Штип со почеток во 21,00 часот , ќе биде претставена изложбата од последните 57 ми „Денови на македонска фотографија“ . Љубителите на добрата фотографија од Штип ќе можат да ја видат, специјално за нив репризирана поставката од последните ДМФ кои оваа година се одржаа во Прилеп. Фото сојузот на Македонија во соработка со двата клуба ФК „ Ванчо Прке “ и ФК „ Широк агол “ и подршка од Локална самоуправа на градот , прави исклучок и за првпат изложбата ја носи во Штип . Ќе ни биде особено задоволство да присуствувате на претставувањето на најдобрите фотографии и автори од Македонија .
Изложба на фотографии „ Јапонија “
Дејан Колевски Кандидат мајстор на Фото сојуз на Македонија со својата изложба на фотографии „ Јапонија “ имаше успешно претставување пред скопската публика . Галеријата на НЛБ Банка станува вистинска место за посета на љубителите на добра фотографија. Така беше и овојпат .
Резултати од ДМФ 2019
Резултатите од жирирањето за 57мите „ Денови на македонска фотографија “ 2019 одржано на 13 април 2019 во Центарот за култура „ Марко Цепенков “ во Прилеп.
„Моменти“ за ФИАП Колор Биеналето
Шеста клубска изложба на ФКК Прилеп
Во домот за култура „Марко Цепенков“ вечерва во Прилеп се одржа 6-тата по ред традиционалната клупска изложба на уметнички фотографии на Фото кино клубот Прилеп, која што се организира во чест на фотографот Јордан Зазоски – Зазо. На изложбата беа поставени 61 фотографија од 52 автори. Фотографиите се изработении во текот на 2018 година.
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2019

Почитувани, уште едни Денови на македонска фотографија се пред нас. Во духот на традицијта која ја негуваме веќе 57 години и оваа година Фото сојузот на Македонија ги повикува сите фотографи аматери и професионалци, да земат учество на најпрестижното државно натпреварување во областа на фотографијата .
Правилата и пријавата можете да ги превземете тука.
Благоја Дрнков (Скопје, 1914 – Скопје, 31 јануари 2012)
Изложба по повод 20 годишниот јубилеј

Од името на членовите на Фото клубот наотварањето на изложбата по повод 20 годишниот јубилеј , се обрати Ѓоко Симјаноски :
Имам особена чест и задоволство, во името на председателот на фото клубот ОХРИД, Димче Коруноски- кој е оправдано отсутен, да кажам неколку зборови на отворањето на традиционалната изложба на фото клубот, која оваа година се одржува по јубилеен 20 пат во предвечерието на големиот празник на нашиот град, патрониот празник „Св. Климент“.Ова обраќање кон вас ќе го започнам со цитатот од текстот кој е сместен во каталогот од годинешнава изложба а во кој се говори за создавањето на фото клубот Охрид.


