Вести


Годишна изложба на фотографии на Фото Кино Клуб Битола 2013

За релативно кратко време Фото Кино Клуб Битола стигна до својата втора клупска изложба. Учеството на нашите членови оваа година, на разни меѓународни и домашни изложби, со ревијален како и со натпреварувачки карактер, доведоа до голем број на примени како и наградени фотографии кои ќе се најдат на овогодинешната клупска изложба, на која учество земаат 30 автори. Со тоа самата изложба ќе добие еден посебен белег и ќе се постави на едно повисоко ниво, кое во иднина треба да прерасне во традиција. Секако дека не смее да се игнорира и допринесот на помладите членови на полето на фотографијата, кои со својот креативен израз допринесуваат за развојот на клубот, и за сигурно ја претставуваат неговата иднина.

Изложбата ќе се отвори во среда на 20.11.2013 во 19.00 часот во изложбениот салон „Магаза“, Битола.

Повелете! Повеќе »

Новите адути на Sony

Новата понуда на Sony покрај другото нуди и еден интересен компакт:Cyber-shot RX10, со голем сензор ( 4 пати поголем од оној на стандардните компакти), објектив Carl Zeiss Vario Sonnar T* 24-200mm  со константна бленда од 2.8 по целата должина… Повеќе »

Нов, FF Nikon, во ретро стил, БЕЗ ВИДЕО!

Амин. И аман со тоа видеото! (знаеме дека ќе не пцујат сите на кои тоа им е важно)… ама не убија со него. И со цени на новите камери и со кратење на перформансите во корист на видеото. Новата камера за која се „шушка“ треба да го има истиот сензор како D4 дизајн Повеќе »

“Поезијата на секојдневието“ – изложба на Дејан Колевски

На 1-ви ноември во 20:00 во просториите на галеријата Мала Станица ќе биде отворена изложба на фотографии на Дејан Колевски. Изложбата насловена “Поезијата на секојдневието“ содржи пеесетина црно-бели фотографии.  Повеќе »

10 години ЧКРАП!

Оваа есен, ЧКРАП! Полни 10 години од своето постоење. Редакцијата на ФСМ им го честита јубилејот и им посакува уште многу години успешна работа. Јубилејот ќе го одбележат како што е ред, со клупска изложба. До членовите на ЧКРАП! испративме неколку неформални прашања. Ова се одговорите кои стигнаа до нас. Веруваме дека и меѓу редовите, се доживува карактеристичниот дух на ЧКРАП! и „ЧКРАП!-овци“.  Повеќе »

1-ва клубска изложба на уметничка фотографија ЈОРДАН ЗАЗОСКИ – ЗАЗО 2013

Фото Кино Клубот од Прилеп има чест да ве покани на свеченото отварање на првата клубска изложба на уметничка фотографија “Јордан Зазоски – Зазо” која ќе се одржи на 4ти Октомври(Петок) во 19:30ч. во домот на култура “Марко Цепенков” – Прилеп.

Учество ќе земат 19 автори: Димитар Ристески, Горан Попоски, Анастасија Бошкоска, Емил Солески, Дарко Митрески, Мики Николоски, Александар Кочоски, Александар Ристески, Божидар Барлакоски, Христијан Конески, Каролина Мицевска, Љубче Ристески, Габриел Стојаноски, Оливер Ангелески, Зоран Пилоски, Виктор Керов, Славчо Лазоски, Даниел Стојаноски, Кристијан Ѓоргиев, Александар Десоски. Изложбата ќе биде од продажен карактер.

III Самит на Фотографи од бивша Југославија, Лесковац

Фото клуб Лесковац ги повикува сите заинтересирани фотографи на Третиот Самит на Фотографи од бивша Југославија кој ќе се одржи во Лесковац, од 10 до 13 октомври 2013 година. Повеќе »

ФОТОГРАФОТ БИШОЛЦ ВО СКОПЈЕ

Реномираниот француски фотограф Жереми Бишолц ќе престојува во Скопје за да реализира изложба на фотографии за Скопје, која ќе биде поставена во чест на четириесетгодишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, од 8 до 16 септември 2013.

Како независен уметник фотограф, Жереми Бишолц живее и работи помеѓу Бордо и Париз. Најпрво студирал историја на уметност и ликовна уметност, а потоа и фотографија и историја на фотографијата, со суб-специјалност познавање на фотографијата на филм и дигиталната фотографија.

Паралелно со професионалната кариера, тој работи и репортажи за издаваштвото, изложби и фотографија за специјализиран печат на тема луѓето и нивната околина, културно-историското-наследство, архитектура и урбанизам и современа уметност. Зел учество во изработката на дванаесет книги на тема архитектура и урбанизам, како и во изработката на четири дела кои ја обработуваат поврзаноста на културно-историското наследтсво на земјите и гастронимијата.
Реализирал изложби во Франција, Кина, Ирска, Летонија, Полска и Канада.

Моите вечни пријатели – Стените на Трескавец / изложба на Зоран Ивановски

На 19 август во 20:00 часот, во просториите на галеријата Графички колектив во Белград, ќе биде отворена изложбата фотографии на Зоран Ивановски, со наслов Моите вечни пријатели – Стените на Трескавец.

Пред белградската публика ќе бидат изложени 30тина фотографии со портрети на стените од околината на Трескавец. Фотографиите на изложбата се резултат на повеќегодишни истражувања на природата на стените и на себеоткривањето на авторот во нив.

„Секое одење на Трескавец за мене е нова радост и возбудување од средбата со стените – моите вечни пријатели. Да, чест и привилегија  ми е да сум во нивно друштво, во друштво на вечноста, да бидам повремено дел од нив. Секоја нова средба со нив е ново доживување затоа што моите пријатели се побогати со секој нов дожд, снег, со секој нов ден. И така се додека се изненадувам, откривам нешто ново во нив, јас ќе се молам да бидам во нивното друштво, во друштвото на Моите вечни пријатели.“ – за своето творештво вели Ивановски.

„Зад филмската камера“ Работилница за кинематографија

Во недела на 4-ти август со почеток во 11.00 часот во Малата сала на Центар за култура – Битола, ќе се одржи стручно предавање/работилница од областа на кинематографијата со Проф. Горан Наумовски од ЕСРА – Скопје, во организација на Фото Кино Клуб Битола, а во склоп на фестивалот Бит Фест 2013.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со визуелна перцепција, теоретски аспекти на филмската слика, начин и константи на гледање на нашето око, разлики помеѓу фотографијата и реалноста, помеѓу филмот и фотографијата, потоа актерски портрет, светлина, боја, светлосни позиции, анатомија на човечкото лице изразено преку светлото и сенката.