Колумни


Дали фотографијата е мртва?

Во монархиите кога кралот ке умре и се прогласува нов крал се вика “Кралот е мртов, да живее кралот”.

Навистина далеку е од умот дека фотографијата е мртва. Поточно, треба да се запрашаме која фотографија изумира. Во кратки црти ке се потрудам да ги искажам моите размислувања за ова прашање.
Со појавата на фотографијата во првата половина на 19-тиот век, на цел глас се зборувало дека фотографијата ке го уништи сликарството. За ограничените умови, сликарството беше практичното забележување на реалното со сликарска метода. Точно таквото сликарство исчезна, сите оние кои се занимаваа со документарно сликарство, мораа да се повлечат пред ефикасноста на фотографијата на тоа поле. Но што се случи? Сликарството ослободено од стегите на документарноста доби креативен подем и годините што следеа, се едни од најславните страници во историјата на сликарството и уметноста.
Фотографијата од друга страна, беше прифатена како рамноправна уметничка дисциплина со свои изрaзито естески, технички и креaтивни одлики, таа станува базичен медиум на новите визуелни уметности базирани врз техничката револуција/филм, видео, исто како и сликарството кое е базичен медиум за визуелните уметности како графиката и дизајнот.
Но, појавата на дигиталната фотографија, не претставува само технолошка револуција. Во основа таа е и социјална револуција. Експлозијата на слики создадена со “гаџет”-ите, како телефоните на пример, доведе аналогно на она што се случуваше во 19-иот век кога сликарите минијатуристи, ќе исчезнат од пазарот и од уметни;ката сцена, така сега исчезнуваат оние кои фотографијата ја работеле како занимање или занает.
Денес секој може да фотографира. Големото техничко знаење кое беше потребно да се направи фотографијата е сублимирано во фотографските програми и чипови.

Она што ја одушевуваше публиката како брилјантна техничка изведба денес е исклучително лесно да се постигне. Замислете денес еден Ман Реј со неговите соларизации буквално е надминат, и тие повеке се дел од Историјата на уметноста отколку визуелен предизвик, бидејки наместо сложената фотографска постапка сега имаме само едно притискање на копчето на тастатурата, па како вредност на делото останува идејата на авторот а не техничката постапка.
Денес се патува по целата планета и нема мотив кој не е достапен за обичниот љубител на фотографијата, значи повеќе нема ни ексклузивни мотиви, кои своевремено ги одвојуваа одредени автори од други, односно да бидат на местата кои се екслузивно одредени за нив.
И секако ќе си го поставите прашањето , па кој дел односно која фотографија ќе преживее?.
Одговорот е јасен и видлив, но само еден дел од фотографската јавност не го гледа или несака да го види.
Ке остане онаа фотографија кој во себе ќе има креативност, која ќе носи вистинска порака, која со помош на фотоапаратот ќе понуди нови идеи и гледања, фотографија која ќе биде предизвикувачка. Зошто уметноста за разлика од документот и кичот, се доживува трансцедентално, метафизички, ментално и субјективно, а тоа не соодветстува со мислењето дека уметноста е преслкување на природата/мимезис според Аристотел.
Секако ќе отпаднат како сув лист фотографиите, кои се направени по баналните клишеа кои ги гледаме по салоните и изложбите на фотографии како во земјата така и во странство. Тие автори можат да се кријат зад звања во асоцијациите и стекнати репутации, но времето ќе го направи своето и тие дела како и многу други нема да го преживеат судот на времето.

Сето ова излагање е во рамките на моите размислувања за “чистата” фоографија.
Дигитализацијата создаде една подгрупа или еден нов медиум кој условно го нарекуваме “Дигитал Арт”. Тоа не е фотографија, зошто дел од неговите творечките постапки се преземени од сликарството а дел од фотографијата. Него го напаѓаат и фотографите и сликарите.
Треба да бидеме праведни, тоа е нов вид на уметност. Таа уметност треба полека да оформи своја естетика дури и свои клишеа, што е карактеристично за сите уметности. Користејќи го просторот мегу фотографијата и сликарството во зависно од имагинацијата на авторите ќе бидат повеке или помалку вреднувани, но делата, никако нетреба да се исклучуваат од креативниот простор или пак да им се оспорува уметничката вредност.
На фотографите, им претстои долг и тежок пат за да ја откријат но и да ја освојат новата слобода и новите можности што ни ги дава технолошкиот напредок. Исклучивоста, држењето до старите клишеа, затвореноста кон новите сознанија, само ќе доведе до болно соочување со вистината на оние фотографи кои несакаат да ги видат овие промени.

Панта реи-рекол Демокрит, се тече, така и фотографијата.

Александар Кондев

„Скопје сити мол“ конкурс за најубава фотографија за Скопје

Пренесуваме информација за конкурс за фотографии од Скопје. Ставот на редакцијата е дека е во ред да се пренесат информации кои се поврзани со фотографијата, но секако дека сметаме дека треба да се оградиме од содржината на огласот. Повеќе »

Фотокина 2012, од самото место на случувањата

Драги наши, вакви содржини немаме така често. Проследете ги импресиите од Фотокина 2012, напишани ексклузивно за страната на ФСМ, на еден духовит и неформален начин, би рекле од перспектива на просечен корисник, иако авторот Орце Поповски е многу повеќе од обичен корисник на техниката . Ставовите изнесени подолу, се негови лични ставови и не нужно се поклопуваат со ставовите на редакцијата на страната на ФСМ.

Повеќе »

ПЕЧАТЕНА ФОТОГРАФИЈА КАКО КОНЕЧНО ДЕЛО-ПОТПИШАНА ИЛИ НЕ?

Појавата на дигиталната фотографија дефинитвно донесе многу олеснителни околкности во процесот на генерирањето-творењето или уште подобро раѓањето на фотографијата како краен производ. Но, како што велат американците: нема бесплатен ручек, т.е, со тие леснотии таа донесе и нови дилеми кои што кај аналогната фотографија не постоеја. За што се работи? Имено, една од дилемите е: кога дигиталната фотографија како краен производ е конечна?

Повеќе »

40 години од фотографијата „НАПАЛМ ДЕВОЈКА“

Пред  десетина дена, поточно на 8ми јуни се навршија 40 години од снимањето на фотографијата на која главен субјект е Phan Thị Kim Phúc, попозната како „напалм девојка“. Фотографија која му донесе пулицерова награда на фотографот Nick Uт и која, според многумина помогнала да запре војната во Виетнам.

Барем од американска страна. Фотографија – икона  и тоа една од најпрепознатлите икони на ХХ век.

Повеќе »

Современа Мариборска фотографија

На 3ти мај во просториите на Кинотеката на Македонија ,  пред  Скопската публика  беше претставена  Колекцијата на  фотографии од Фото клуб “Марибор “ –  Словенија, под името “ФОТОГРАФИ“.

Истовремено, во Марибор  се отвори  Изложба на  фотографии на  Фото клубот “Елема“ од Скопје, како најекспониран клуб од Република Македонија. Бидејки  рејтингот на Фото клуб  Марибор   е на високо место во Словенија,  а посебно фотографската традиција што Марибор ја има уште од почетокот на 20 век, овие две изложби на некој начин се и показател за современите тенденции  во фотографијата на  Словенија и Македонија. Повеќе »

Nikon D4 од прва рака

Драги наши, еве една автентична содржина, со која держиме чекор со глобалните трендови….

Веќе помина еден месец одкако ја имам во рака мојата нова „играчка“: Nikon D4, па веќе можам да ги кажам моите лични впечатоци за овој нов DSLR од еден од водечките производители на фотографска опрема. Морам повторно да повратам дека во овој „есеј„ нема да има технички податоци за апаратот, туку мое лично видување за него како алатка за фотографирање. Впрочем тој што ќе го чита овој текст сигурно веќе ги „обработил“ сите статии по светските сајтови каде што се наброени во безброј верзии техничките карактеристики на овој „убавец“. Морам уште да напоменам дека према овој уред бев многу критички настроен! Зошто? Да почнеме од почеток!

Повеќе »

Tagged , , , , ,

Nikon D700 Да или Не?

Почитувани читатели вљубени во фотографијата, во освртот кој следи би сакал да Ви го пренесам моето искуство за најновиот „prosumer“ дигитален фотоапарат на светскиот производите Nikon. Немам никаква намера да ве оптеретувам со технички податоци, факти и бројки, истите може да ги најдете на било кој сајт за фотогравска опрема. Многумина што ме познаваат ќе кажат дека сум „никонџија“ во душа, па затоа нема да правам никакви споредби со Canon. Кој го бара тоа нека оди на форумите Nikon vs Canon во милион варијанти. Повеќе »

Осврт кон изложбата на Катја Штркова

Женската фотографија станува се поприсутна кај нас. Сведоци сме, дека “дамите“ на македонската фотографија со квалитетот на своите фотографии, како и со инвентивниот пристап кон нивна реализација заслужуваат наша подршка и искрени честитки.

Уште повеќе радува кога меѓу нив се појавуваат нови млади авторки кои сакаат да излезат од постоечките клишеа на изложбената фотографија.

Младата Катја Штркова ни се престави на 22 фебруари со серија фотографии во Младинскиот културен центар, пред голем аудиториум. Повеќе »

Непознати портрети на Лазо Величковски

Некаде во 2001 година ме повика др. Владо Плавевски, стар другар од фото клуб ВАРДАР, личен лекар на сите оние кои држеа во рака фотоапарат и кинокамера.  Во неговата ординација се собиравме навечер разговарајќи долго ноќта за фотографијата, филмот, културата, но и за сите оние банални нешта што знаат животот да го направат пријатен. Ние бевме генерациски негде меѓу постарата генерација фотографи како Јаневски, Златковски, Османи и помладата генерација Лазо Плавевски, Иво Вељанов …..   Повеќе »